Насловна / Дневни Вести / Во Тетово продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи

Во Тетово продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи

divogradbi_tetovo.jpgТетово – Општинскиот инспекторат за градежништво на Тетово ќе продолжи со акции за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи, беше соопштено на прес-конференцијаta што следи по акцијаta кога беше отстранета металната конструкција пред ресторанот „Тич“.

Портпаролот на општината Флакран Пустина рече дека по повеќе забелешки за подмирување на комуналните такси Општинскиот инспекторат бил обврзан да интервенира и да ја отстрани металната конструкција пред тој ресторан.

 

– Интервенцијата е извршена во целосна координација со сите соодветни органи. Сопствениците се должни околу 320.000 денари, но и по неколку известувања тие не го платија долгот, рече Пустина.


Пустина со апел до угостителите да ги почитуваат законските норми со цел Општинскиот инспекторат да не биде доведен во ситуација да презема санкциони мерки. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top