Пехчево – Компанијата „Кит – Го“од Штип почна со изградба на хотел во центаротна Пехчево. Објектот, што ќе се наоѓа покрај кејот на Пехчевска река, се гради според европскистандарди и ќе има капацитет од 60 легла.
Предвидено е хотелот да има сопствен СПА-центар, ресторан, летна тераса и други придружни простории за ваков вид објекти. Сопственикот и главен менаџер на „Кит-Го“ очекува градежните работи да завршат летово, а следната година хотелот официјално да биде пуштен во употреба.
Според градоначалникот на Пехчево Јованчо Станоевски, оваа инвестиција и зголемениот интерес за изградба на приватни вили и викенд куќи во Туристичко-рекреативниот центар Равна Река отвораат можности за развој на туризмот во општината. (МИА)