Радовиш – Фирмата „Алфа инжињеринг“ од Радовиш почна со изградба на фотонапонска централа, која годишно ќе произведува од 70 до 80 мегаватчасови електрична енергија, инвестиција вредна 240.000 евра.
Сопственикот на фирмата Ацо Ристов изјави дека во моментов се поставува металната конструкција над постоечкиот објект на фирмата. На покривот ќе бидат поставени 256 сончеви панели.
– Идејата за изградба на фотонапонска централа е резултат на новите
текови и примената на алтернативната енергија. Сметам дека оваа
инвестиција ќе биде исплатлива, рече Ристов.
Тој додаде дека обезбедени се сите документи за привремена лиценца, а по
изградбата на фотонапонската централа ќе следи и добивање на трајна
лиценца за производство на електрична енергија.
– Придобивките од изградбата на централата се намалување на СО2, а со
продажбата на електричната енергија, фирмата „Алфа инжињеринг“
инвестицијата ќе може да ја исплати за шест години, истакна Ристов и
потенцираше дека фотонапонската централа ќе произведува електрична
енергија, која годишно ќе може да ги покрие потребите на градот за
уличното осветлување. (МИА)