Насловна / Архитектура / Во архитектурата не постои апсолутен стандард

Во архитектурата не постои апсолутен стандард

124_porta3_img_3.jpgAко го погледнете проектот Државен архив, Уставен суд и Археолошки музеј во основа, ќе видите современ објект со ја-сен просторен концепт. Неговата функционална шема е едноставна: еден централен хол и два ходника кои водат до крајните кружни форми. Од двете страни на централниот ходник се распределени канцеларии. Последниот кат е наменет за депоа и архива поради естетскиот диктат на фасадата, кој не дозволува отворање на странични прозорци, туку само зенитно светло на непроодниот дел од покривот.
Објектот е заеднички за трите институ-ции и овозможува секоја од нив независно да функционира. Уставниот суд и Државниот архив имаат приоди од сервисната улица, додека во Археолошкиот музеј се влегува преку пешачкиот мост “Око“. Музејот е организиран на приземјето и на трите ката, а под него има подземно депо. На второто подземно ниво се наоѓаат  гаражи и техничка инфраструктура. Последните четири ката (2+2) се наменети за двете институции (Уставен суд и Државен архив) кои имаат слична функционална структура.


Повеќе во број 124, Петок 12.02.2010 г.

Испрати коментар

Scroll To Top