Насловна / Архитектура / Агрикултурна, самоодржлива градинка во Виетнам

Агрикултурна, самоодржлива градинка во Виетнам

126FK01_web

Архитектонското студио Vo Trong Nghia од Виетнам, дизајнира едно интересно и енергетско решение за детска градинка. Името на проектот е „Агрикултурна градинка“ (Farming Kindergarten) и е дизајнирана да прими 500 деца од околината на Biên Hòa (Виетнам).
Виетнам е држава со земјоделска традиција, којашто полека се придвижува кон производствена економија со голем број фабрики кои, за жал, континуирано ја уништуваат природата. Зголемениот број на суши и поплави ги загрозуваат резервите на храна, додека огромниот број на возила создаваат големо загадување во градовите. Брзата урбанизација ги одзема зелените површини и игралишта на децата, а со тоа се уништува една витална врска со природата.vo-trong-nghia-architects-farming-kindergarten-vietnam-designboom-05
Проектот за оваа градинка е своевиден предизвик, предвиден да ги стабилизира овие проблеми. Тој функционира како самоодржлив систем, сместен во екстремно тропска клима, учејќи ги најмладите жители за важноста на еден одржлив систем, образование и дизајн.vo-trong-nghia-architects-farming-kindergarten-vietnam-designboom-04
Оваа градинка е лоцирана до фабрика за производство на чевли. Нејзината форма е организирана во една континуирана вкрстена спирала, која се издигнува и спушта до теренот, покриена со зелен покрив со трева и земја за обработка, каде што децата од најмали години можат да одгледуваат зеленчук, овошје и да играат безгрижно и слободно под небото. Со формата на градинката како континуиран троен прстен, остварени се интересни затворени дворови за безбедно играње на теренот.vo-trong-nghia-architects-farming-kindergarten-vietnam-designboom-07
Зелениот кровен покрив е целосно отворен за прошетки и настава на отворено, каде што децата непосредно ќе можат да остварат убава и корисна врска со природата. Сите внатрешни функции на градинката се сместени под овој интересен покрив. Кога се спушта до ниво на терен, тој служи како рампа за стигнување до врвот на зелените градини, кои стануваат клучно место каде што децата се едуцираат за важноста на одгледување на сопствени природни производи и важноста да се чува природата.
Во оваа градинка е употребен модерен енергетско-ефикасен систем.

g3

Употребен е и зелен покрив за изолација, зелена фасада за сенка и соларно загревање на водата за користење. Вкрстено проветрување е овозможено со тенки континуирани прозорци од двете страни на просториите, додека отпадната вода од фабриката за чевли во соседството е рециклирана за одводнување на зеленилото и како отпадна вода во казанчињата во тоалетите. Овие мерки за самоодржливост се видливи во дизајнот на градинката поради едукација на децата од најмала возраст за важноста на штедење на природните ресурси и заштита на природата.

vo-trong-nghia-architects-farming-kindergarten-vietnam-designboom-10
Со овие мерки, градинката функционира без помош на клима уреди, иако се наоѓа во екстремно остра тропска клима со високи температури. После 10 месеци од функционирање на овој објект, извештајот е дека зградата штеди 25% енергија и 40% питка вода во споредба со објектите со традиционален метод на конструкција, што значи голема заштеда за негово функционирање.

5462496ce58ece4d99000045_farming-kindergarten-vo-trong-nghia-architects_14_central_staircase ellevn-decor-giaiphap-votrongnghia

Vo Trong Nghia

54624abbe58eceedac00003c_farming-kindergarten-vo-trong-nghia-architects_enviromental_strategies
Овој проект е наменет за децата на работниците од соседната фабриката за чевли, кои имаат ниски примања и затоа изведбата е со низок буџет и нискобуџетни – технолошки конструкции со употреба на локални материјали, за да се намали конструктивниот импакт врз природната средина и да се овозможи заштеда во целокупниот трошок.
Дизајнот на оваа градинка е прототип на владата на Виетнам за промоција на зелени објекти, како дел од нејзината енвиронменталистичка стратегија за зачувување на природата и околината во државата.

54624ac6e58ece4d99000048_farming-kindergarten-vo-trong-nghia-architects_ground_floor_plan

Испрати коментар

Scroll To Top