Насловна / Ентериери / Аголните планови на куќата Нарусе во Токио

Аголните планови на куќата Нарусе во Токио

narusejapan11

Сместена на кос терен во предградие на Токио, куќата Нарусе е организирана со комбинации на различни оски, што резултира со неправилен план опфатен со благо закосени кровови. Проектиран од архитектонското студио MDS, ентериерот е решен со приватни простории долж периметарот, и како резултат се појавува централна јавна површина, составена од повеќе пристапни нивоа во вид на долги скалници, како одговор на топографијата на теренот.

naruse japan3 naruse japan2

Аголните ѕидови и наклонот на таванот произведуваат просторно изобличување, што директно се одразува на отворите кон надворешноста.

naruse japan4 naruse japan5 naruse japan6 naruse japan7

Драматичните и неправилните површини во внатрешноста создаваат контраст со нежно закосениот покрив. Паркинг местата на западната страна на локацијата се со повлечен влез од улицата, додека надворешното двориште формира мала градина на југоисток.

naruse japan8 naruse japan9 narusejapan10 naruse g03 naruse g02 naruse g01

Испрати коментар

Scroll To Top