Африканската Унија, организација која обединува 54 земји, најави план според кој би вложила 20 милијарди долари во најмалку 10 GW инсталиран капацитет во обновливи извори на енергија, до крајот на 2020 година. Програмата делумно треба да се финансира од ветувањето за 100 милијарди долари, кои земјите од Г7 ќе ги наменат за борба против климатските промени, согласно заклучоците од самитот за климата во Париз.
Овие фондови би требало да помогнат во привлекување на приватен капитал во однос еден спрема три или четири, велат од Африканската иницијатива за обновливи извори. Африканската банка за развој најави дека има намера да доведе електрична енергија во 620 милиони домаќинства на овој континент кои досега немаат пристап до електрична мрежа.
Африка има потенцијал за производство на 11 TWh енергија од Сонцето, 350 GWh од хидропотенцијалот, 110 GWh од ветерот, и 15 GWh од геотермални извори.