Насловна / Вести / Африка и климатската правда: Мал придонес, огромни последници

Африка и климатската правда: Мал придонес, огромни последници

Африка, со изобилството природни ресурси, е континент кој генерира најмалку емисии на стакленички гасови. Но, тоа е регион кој највеќе ги трпи последиците од климатските промени. Порастот на глобалните температури, но од друга страна и честите силни дождови, се причина з асуши и поплави кои се погубни за земјоделците и за заедниците ширум континетот. Покрај тоа, многу крајбрежни области се загрозени со порастот на нивоата на морињата. Поради температурите, многу резервоари на вода се намалуваат. Едно од загрозените езера е езерото Чад, од кое зависат четири земји, односно милиони луѓе. Ова езеро во 1963 година имало површина поголема од 22.000 km², додека во 2008 година, се свело на само 2.500km².

chad2

Water point in Abu Shoul

Дополнителна сложеност доаѓа од фактот дека загадувањето од инсустриски развиените региони, по пат на атмосферските струи стигнува до Африка, често носејќи негативни ефекти врз животната средина и здравјето на населението. Многу африкански земји, без соодветна инфраструктура и средства за адаптација на климатските промени, се наоѓаат во исклучително ранлива позиција. Интересен е податокот дека на пример Етиопија има само 1,1 милиони автомобили на своите 90 милиони жители.

chad3

Заедничкиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA) и Групата на Африканската развојна банка, ја истакнува итноста за решавање на финансиските предизвици за чиста енергија во Африка. Студијата е претставена на Самитот за клима во Африка. Домот за скоро 20% од светскаат популација, во моментот има само 2% од глобалната потрошувачка на „чиста“ енергија. Со цел да се исполнат меѓународните енергетски цели, инвестициите треба да се удвојат до 2030 година, насочувајќи две третини кон „чистата“ енергија. Но, проектите се соочуваат со значајни бариери, како што се високите трошоци на инвестициите и сл.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top