Африканската развојна банка (AfDB) објави дека африканскиот континент секоја година губи од 5 до 15% од бруто домашниот производ (БДП), поради последиците од климатските промени. Иако Африка учествува со само 3% во светските емисии на јаглерод диоксид, таа е најранлива во однос на последиците од климатските промени, особено поради зачестената појава на суши и полави во последните години.
Иако африканските земји добиле околу 18,3 милијарди долари за финансирање на последиците од климатските промени во периодот помеѓу 2016 и 2019 година, средствата кои ќе бидат потребни за периодот од 2020 до 2030 година се проценуваат на неверојатни 1300 милијарди долари. Овие бројки ја покажуваат сериозноста на кризата со која се соочува овој континент. Притоа, богатите земји треба да ја исполнат својата обврска во вид на донирање на 100 милијарди долари на државите во развој и африканските економии, со цел да се ублажат последиците од климатските промени.