Насловна / Вести / „Аерозагадувањето подобрено, но не значително“

„Аерозагадувањето подобрено, но не значително“

nurhan izairi

„Аерозагадувањето е подобрено, но не значително од 31 октомври, кога престана со работа Макстил, а Југохром работи со преполовено производство“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

На доделувањето опрема за собирање и рециклирање средства за ладење, ресорниот министер посочи дека освен затворањето на капацитетите кои загадуваат ќе се преземат и други мерки за почист воздух.

„За Скопје се планира стратегија за справување со аерозагадувањето во следниот период, која е во завршна фаза и наскоро ќе се излезе со краткорочните мерки. Во зависност од загадувањето на воздухот ќе има мерки за движење на возилата, што ќе придонесе значително во подобрувањето на квалитетот на воздухот што го дишеме“, рече Изаири.

Долгорочно, според него, најдоброто решение е сите производители и оператори да се усогласат со еколошките дозволи, но и да се подигне свеста кај граѓаните.

Испрати коментар

Scroll To Top