Насловна / Вести / Аеродромот Хитроу јавно се извини за лошиот квалитет на услугата

Аеродромот Хитроу јавно се извини за лошиот квалитет на услугата

Лондонскиот аеродром Хитроу се извини за неприфатливиот квалитет на услугата во последните недели, долгите редици, доцнењето во сервисирањето на лицата со намалена подвижност и проблемите со багажот, бидејќи во последните четири месеци се бори со најголемиот пораст на бројот на патници во последните 40 години.

Аеродромот, кој во јуни опслужи речиси шест милиони патници, соопшти дека брзото обновување на капацитетот е „многу предизвикувачко“, пренесува Ројтерс.

Главниот извршен директор на Хитроу, Џон Холанд Кеј, рече дека ќе ги следи промените во распоредот на летови направени од авиокомпаниите, како одговор на барањето на владата да се минимизираат откажувањата на летовите во текот на летото и ќе побара од нив да преземат дополнителни мерки доколку е потребно.

хххх_resize

Бритиш ервејс, најголемата авиокомпанија на аеродромот Хитроу, и други авиопревозници откажаа стотици летови во изминатите недели.

Шефот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш, го критикуваше овој аеродром дека не се подготвил најдобро за наглиот раст на побарувачката, наведувајќи дека затоа целиот ланец на понуда на авио – секторот се соочува со проблеми.

Раководството на Хитроу денеска соопшти дека регрутирањето на персонал започнало уште во ноември, а дека до крајот на јули бројот на персоналот задолжен за безбедноста ќе се врати на нивото пред пандемијата.

Испрати коментар

Scroll To Top