Насловна / Архитектура / Аеродром во Канада – ненаметлив, но незаборавен дел од околниот пејзаж

Аеродром во Канада – ненаметлив, но незаборавен дел од околниот пејзаж

Print

Гратчето Fort McMurray, што се наоѓа во централна Канада, со постепениот развој и пораст на популацијата создаде потреба за нов аеродром, чие архитектонско решение требаше да се приспособи со идентитетот на заедницата што постојано расте и еволуира. Новиот аеродром е проектиран од архитектонското биро McFarlane Biggar Architects, неговата површина зафаќа 8.000 м2, а вкупниот буџет за неговата изведба беше 258 милиони канадски долари.Enterier 1

Во објектот веднаш може да се забележи употребата на дрвото, материјал кој покрај своите естетски и механички квлитети е практичен во смисла на обновливост, одржливост и приспособливост со својата културолошка универзалност. Големите јавни простории се дефинирани со масивни дрвени конструкции изработени од седмослојни ВЛП (вкрстено ламелирани плочи cross-laminated-timber) во комбинација со ламелирани носачи (gluelam) и фурнирани плочи.

Prijavnica 2

Овој аеродром е комплетиран и пуштен во употреба во октомври 2014 година, и е објект со најголема ВЛП конструкција во Северна Америка. Архитектонското студио McFarlane Biggar Architects со своите консултанти за градежни кодови, пронашле алтернативно решение за употреба на дрвени конструкции во објект со високи критериуми за заштита од пожари.

Prijavnica

Организацијата и изградбата на објектот била огромен предизвик за изведувачите. Како резултат на големината на објектот во таа околина, честопати изведувачите се соочувале се недостиг на работници, што понекогаш драстично ја зголемувале изведбената цена во споредба со големите градови. Овој проблем се надминувал со максимално префабрикување на сите елементи, со што се намалувала работата на градилиште.Umetnichki dzid

Архитектонскиот тим со својот едноставен дизајн на аеродромот создава ненаметлив, но сепак незаборавен дел од околниот пејзаж кој се вклопува со околината како една целина, потенцирајќи ги скромноста и едноставноста за употреба. Збир на робустни волумени поставени во просторот на начин за да ја зголемат функционалноста за користење на објектот, со можност за негово натамошно проширување со минимално нарушување на секојдневното работење на аеродромот.

Fasada 2

Фасадата е изработена од робустни и цврсти материјали како би можела да издржи долгогодишно користење. Овие материјали се искористени од двете страни, како од страната на патниците, така и од страната на авионите. На приземјето, каде има најголем ризик за оштетување на објектот од авионите, се поставени префабрикувани изолирани бетонски сендвич панели кои можат да издржат големо оптоварување.Enterier 3

На вториот и третиот кат, пак, се поставени челични плочи кои се претходно специјално обработени за да можат да ги издржат атмосферските влијанија.

Овие цврсти и ладни материјали се балансирани со софистицирани и топли, а сепак издржливи материјали во ентериерот: тројно глазирано стакло, терацо под, акустични дрвени панели и отворена масивна дрвена конструкција. Видливата дрвена конструкција е обработена со заштитно средство кое има минимално количество на пигмент, но сепак обезбедува соодветна УВ заштита за дрвото. Премачкувачот за дрвените конструкции е со матирана завршница со доволно сјај за да се намали собирањето на прашина на дрвените површини.Enterier 4

Во целиот процес на проектирање се користи концептот „со помалку се добива повеќе“. Секаде каде што било можно, се користеле сите мерки за минимизирање на сите градежни ресурси за да се добие посакуваниот робустен, издржлив и ефикасен објект.

Но сепак, во објектот се искористени сите најсовремени системи и принципи на проектирање, како пасивна соларна ориентација на објектот, оптимизација на енергијата, супер изолирани панели, подно греење, софистициран систем за вентилација со заштеда на греење. Природните материјали што се користат во ентериерот, создаваат пријатна и здрава средина за сите патници и, секако, за вработените.Enterier 2

Ориентацијата на објектот е предодредена и испланирана во однос на правецот на пистата, но секако дека големо внимание е посветено на движењето на сонцето во различните сезони во годината, со што максимално се искористува неговата енергија во текот на денот. Големите отвори по должина на целата фасада ги пропуштаат сончевите зраци кои го затоплуваат и осветлуваат целиот ентериер, со што значително се заштедува енергија. Покрај штедењето на енергија овие отвори ги осветлуваат големите простории со дневна светлина со што се создава пријатна атмосфера за патниците.

Испрати коментар

Scroll To Top