Насловна / Вести / Аеродром во Хелсинки добива соларна електрана

Аеродром во Хелсинки добива соларна електрана

Најголемиот аеродром во Хелсинки во Финска, ќе произведува електрична енергија и ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид преку инсталирање на соларна централа на покривот. Finavia, финска компанија за пружање услуги на аеродроми, одлучила да ја унапреди стратегијата за заштита на животната средина и да инвестира во нови соларни системи кои ќе бидат инсталирани на покривот на Терминал 2 на аеродромот во Хелсинки.хелсинки_3

Кога ќе биде завршена монтажата, оваа централа ќе може да произведува енергија доволна за покривање на 10% од потребите за електрична енергија на аеродромот. Се очекува проектот да биде целосно завршен во 2019 година, со што ќе стане најголема аеродромска соларна постројка во нордиските земји.хелсинки_2 хелсинки_1

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top