Градот Чингдао во источната кинеска провинција Шандонг доби нов меѓународен аеродром „Jiaodong“. Аеродромот опфаќа површина што е двојно поголема од лондонскиот Хитроу, а услужниот капацитет е 35 милиони патници годишно. Целиот проект чинел 5,8 милијарди долари.
Терминалната зграда има форма на морска везда. Покривот е изработен од не’рѓосувачки челик и се шири на над 223 илјади квадратни метри, така што е најголема единечна челична плоча во светот. Дебела е само 0,5 милиметри, како хартија А4, а со заварени споеви формира беспрекорна, водоотпорна обвивка.
Зградата на аеродромот има систем за собирање дождовница и всушност е како „сунѓер“ за собирање, складирање и рециклирање на дождовница. Исто така, има „независен енергетски центар“.
Планирано е аеродромот да биде транзитен центар за Северо-источна Азија, бидејќи градот Чингдао е пристаниште што во моментов е трговска врска со Јапонија и Јужна Кореја.
Аткинс и Институтот за архитектонски дизајн и истражувања во Југозападна Кина (ЦСВАДИ) го дизајнирале аеродромот, изготвиле план за транспорт и уредувале.