Предложениот проект Tehran Airport T-2 во Техеран, Иран, дизајниран од архитектонското студио GMW MIMARLIK од Истанбул, претставува одличен пример за обезбедување на удобност на патниците на високо ниво со својата едноставна, линеарна и динамична форма.
GMW MIMARLIK, под водство на архитектите Ali Evrenay Ozveren, Dicle Demircioglu и Pinar Ilki Emekci, се заслужните за голем број главни транспортни проекти низ целиот свет, вклучувајќи неколку меѓународни аеродромски терминали и железнички станици.
Еден од нивните неодамнешни проекти е дизајнот на меѓународниот аеродром Т–2 во Техеран.
Во прашање се 175.000 квадратни метри, а терминалот е дизајниран за да им служи на вкупно 26,5 милиони меѓународни и домашни патници.
Оперативната флексибилност и ефикасност, високото ниво на удобноста на патниците, и приспособливоста на идните потреби се главните одлики на овој концепт на GMW MIMARLIК.
Eдноставнaтa, а сепак динамична форма на терминалoт со силен визуелен идентитет јасно ги изразува трите главни функции на меѓународен терминал; главниот простор за движење на патниците, комерцијалните области и поставеноста на ограничените зони. Линеарното уредување на просторите треба да им обезбеди флексибилна употреба на вкупен број од 28 влезови и излези.