Во ерата која е дефинирана преку глобализацијата и брзорастечките економии, аеродромите односно новиот концепт за нив добива се поголемо значење. Во Осло, норвешките архитектонски компании Haptic Architects, и Nordic Office of Architecture, водени токму од оваа идеја, работат на проектирањето на првиот energy + аеродром во светот, токму во норвешкиот главен град. Мастерпланот за аеродромот со површина од 4 милиони квадратни метри, ја содржи амбицијата на Норвешка за транзиција од економија базирана на нафта кон економија погонувана од обновливи извори. Интегрирајќи ги нискојаглеродните технологии и зелените технологии, аеродромот освен што ќе биде самоодржлив по однос на своите потреби за енергија, тој ќе генерира и вишок енергија за објектите во својата околина. Просторот е замислен како своевиден технолошки парк со електрични автономни возила, паметен отпад, и најамбициозната цел – електрична флота од авиони. Изградбата на овој аеродром на иднината е закажана за 2019 година, а комплетирањето на првата фаза се очекува во 2022.