Новиот краток филм подготвен од страна на непрофитната организација AERIAL FUTURES од Њујорк, ја истражува комплексната поврзаност помеѓу градовите и нивните аеродроми. Видеото се осврнува на темата за интегриран пристап во урбанизмот кој истовремено ќе го подобри и квалитетот на урбаниот живот и сообраќајните можности. Неколку експерти во филмот зборуваат за можностите и предизвиците на Њујорк во поглед на идните аеродроми и пратечката инфраструктура, имајќи ги во предвид и урбанистичките аспекти и дигиталните интерфејси. Градовите кои имаат повеќе аеродроми, често во трката за конкуренција ја занемаруваат потребата од квалитетна инфраструктура за нивно меѓусебно поврзување. Како град со седум аеродроми Њујорк бил интересна студија на случај од овој аспект. Следниот проект кој го планираат од AERIAL FUTURES е настанот кој ќе се одржи на 19ти јули во Денвер, кога ќе се дискутира за тоа како аеродромите ќе влијаат врз иднината на мобилноста и сообраќајот.