Насловна / Архитектура / Експлозија на бои

Експлозија на бои

eksplozija_na_boi.jpgВо ентериерот на Birkbeck College ве дочекува вистинска експлозија на бои.
Деконструктивистичката композиција сочинета од коси површини, буди
филмски асоцијации. Назабените агли на пример, потсетуваат на Expressionist,
сет од The Cabinet of Dr Caligari, влијателен германски филм од 1921 год., а
силните бои потсетуваат на портретите на филмските ѕвезди на Andy Warhol.

Уникатниот креативен дизајн
со кој архитектите Surface
Architects го трансформираа
Центарот за филм и визуелни
уметности на Birkbeck College во
Лондон, ги освои критичарите и го
сврте вниманието на медиумите. Во
нивниот проект се појавува површина
на која се експериментираат
нови можности, промовирајќи
архитектура со богато искуство, која
се приспособува на движењето на
телото. Испакнатите пирамиди и
скали се како темпераментен дисплеј
со чисти форми и бои. Боите се
прелеваат преку тулите, панелите,
бетонот, стаклото и каменот. Тие не се
употребени како слој на површината
на објектот, туку претставуваат
интегрален дел од структурата на
објектот. Архитектонските простори
се дефинирани не само со физичките
материјали, туку и од чувствата кои ги
будат боите. Физичките материјали
ја дефинираат физичката димензија
на просторот, а боите ја дефинираат
психичката. Тоа се две приказни
кои се во интеракција, но не се
исти. Ако заедно се вклопат, можат
да обликуваат чудесен простор.
Трансформација на Birkbeck College
е извршена на подрумот, приземјето
и проширувањето што се поврзани
со еден уникатен дизајн. Направена
е модерна кино сала со 80 седишта,
опкружена со простории за
изучување на медија, простории за
семинари и канцеларии. Проектот е
завршен во 2007 год. со буџет од 1.5 милиони фунти. Од универзитетот
имале особена желба Центарот да го
поттикнува чувството на заедништво,
дури и на комерцијалност. Да даде
силно чувство за визуелен идентитет.
На крајот, архитектите успеале да
ја интерпретираат оваа желба на
возбудлив, прекрасен, фантастичен
и на особено креативен начин.
Ако го погледнете објектот однадвор,
ќе видите обична стара зграда во
низата на Gordon` Square во Лондон.
Продолжението што е направено
во 1970 год. е единствената
интервенција на објектот. Внатре
ве дочекува вистинска експлозија
на бои. Деконструктивистичката
композиција во ентериерот е
сочинета од коси површини и
буди многу филмски асоцијации.
Назабените агли потсетуваат на
Expressionist, сет од The Cabinet of
Dr Caligari, влијателен германски
филм од 1921 год., а силните
бои потсетуваат на портретите на
филмските ѕвезди на Andy Warhol.
Bircbeck College е образовна
и истражувачка институција од
светска класа, во која се образуваат
19.000 студенти кои бараат
креативно опкружување кое ќе
биде разновидно, космополитско
и особено. Surface Architects тие
барања ги оствариле. Центарот сега
нуди широк спектар на програми
и настани, односно можност за
различна интердисциплинарна
работа во уникатните простории
кои овој објект ги содржи.

 

eksplozija_na_boi_2.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top