Струга – Продолжува уништувањето на трската која е од исклучително значење за опстанокот на Охридското Езеро, а ситуацијата е најалармантна долж струшкото крајбрежје, реагираат еколозите од Струга.
Тие тврдат дека над исечената трска се истура градежен материјал, а местото се тампонира со што трајно се губат нејзините корени.
– Охридското Езеро без зелениот појас, би било обична бара, изјави Мате Гогоски претседател на Еколошкото друштво Енхалон од Струга
Тој вели дека целото езеро е заштитено од УНЕСКО и затоа треба што побрзо се прекине со неговото уништување за доброто на сите.
Еколозите ги повикуваат надлежните институции да застанат на патот, како што велат, на поедини профитери кои уништувајќи ја трската ја уништуваат иднината на своите деца.
Најкритична е состојбата кај крајезерските села Радожда и Калишта и Детското одморалиште 25 Мај, каде според струшките еколози дури 80 отсто од трската е целосно уништена.(МИА)