Насловна / Екологија / Електрична енергија бесплатно

Електрична енергија бесплатно

elektricna_energija_besplatno_thumb.jpgМалите хидроцентрали доаѓаат на голема врата во Македонија. Проектот за изградба на мали
ХЕЦ (хидроелектрични централи), поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), се состои
од околу 400 мали хидроцентрали, распоредени во сите делови на територијата на Македонија.

Македонија е земја која
располага со огромен
потенцијал на обновливи
енергии. Вода, сонце, ветер…
бесплатно. Време е за фини нешта,
време е за искористување на
обновливите извори на енергија.

Во овој текст ќе се задржиме
на состојбата со малите
хидроцентрали во Македонија.
Мораме да признаеме дека за
разлика од некои проекти кои се
поврзани со другите извори на
обновлива енергија, на овој план
навистина почна да се работи во
Македонија – не само на хартија
туку и на дело. Европската банка за
обнова и развој (ЕБОР) се согласи
да одобри пари за почнување
на проектот за изградба на мали
хидроцентрали во Македонија.
Министерот за економија на
Македонија и претставници на ЕБОР
веќе имаат потпишано договор,
со кој ќе се одобри кредитот за
обезбедување на константно
ефективно изведување на проектите
за изградба на мали хидроцентрали
во државава. Проектот за изградба
на мали ХЕЦ (хидроелектрични
централи) се состои од околу 400
мали хидроцентрали, распоредени
во сите делови на територијата на
Македонија. Колку за споредба, во
првите 15 членки на ЕУ има околу
15.000 мали хидроцентрали. Во
новопримените членки има уште
околу 3.500 мали ХЕЦ. Во Италија
има околу 2.500, во Франција
2.000, а во Норвешка над 1.000
мали ХЕЦ. Сосема е јасно дека
иднината на човештвото лежи во
обновливите извори на енергија.

Малите хидроцентрали
претставуваат објекти кои служат
за произведување на чиста
„еколошка“ електрична енергија,
без загрозување на животната
средина и нејзините станари.
Некои од условите, потребни за
реализација на еден ваков проект
(мали ХЕЦ), се доволен константен
тек на реката од која се зафаќа
водата и што е можно пострмен пад
на водата. Малите хидроцентрали
се предвидени за брзотечни водни
текови со што поголема висинска
разлика. Количината на произведена
енергија е во правопропорционална
зависност од количината на
вода, односно протокот на
вода во дадениот водотек.

elektricna_energija_besplatno_1.jpg 

ГРАДЕЊЕ

Малите хидроцентрали кои ќе
се градат на територијата на
Македонија ќе имаат поединечен
капацитет од околу 1000 kW,
(поточно кажано, капацитет од 0,6
MW до 1,5 MW) или пресметано
како годишно производство на
електрична енергија во износ од 4.500 MWh. Инаку, од произведени
1000 kWh електрична енергија
дневно можеме да снабдиме
со струја околу 40 просечни
македонски семејства. За
потсетување, 1000 kWh = 1 MWh.
Понатамошната математика ја
оставаме на вас, читателите.
Во поглед на намалувањето
на испуштените количини на
стакленички гасови (посебно
CO2), доколку направиме груба
пресметка, со секоја изградена мала
хидроцентрала на територијата на
нашата држава ние на годишно ниво
ќе го редуцираме количеството на
CO2 за околу 4000 тони! На ова треба
да го додадеме и редуцирањето на
другите стакленички гасови како
азотните (NOx) и сулфурните (SO2)
оксиди, гасови кои исто како и CO2
предизвикуваат шетни последици
по здравјето на целокупната
флора и фауна. Постоечките мали
хидроелектрани на територијата на
Македонија веќе имаат значаен удел
во производството на електрична
енергија во државата. Во 2009
година од овие капацитети се
добиени 168 GWh, а минатата година
249 GWh електрична енергија.
Доколку сè оди како што треба,
нашата држава во наредните години
ќе произведува задоволувачка
количина електрична енергија од
обновливи извори на енергија.
Искористувањето на водните текови
е можеби едниствениот обновлив
извор на енергија кој влегува
на голема врата во Македонија,
во поглед на искористување на
алтернативните извори на енергија.
Македонија е земја која сè повеќе
треба да се стреми кон обновливите
енергии, и тоа поради три факти.
elektricna_energija_besplatno_2.jpg

Првиот, заштита на животната
средина, нешто кон кое треба да се
стремиме, нешто кое се постигнува
со користење на обновливи извори
на енергија. Вториот, гледано од
економски аспект, со се поголемото
искористување на слободно кажано
„бесплатни“ извори на енергија, се
намалува количеството на увезена
електрична енергија, односно се
заштедуваат пари кои ќе можат да се
алоцираат во промовирање на други
обновливи извори на енергија или
промовирање на други позитивни
еколошки практики. На овој начин, а
тоа е третиот факт, се стремиме кон
принципите на концептот наречен
одржлив развој. Нашата држава
изобилува со природни богатства
и обновливи извори на енергија.
Зошто истите да не ги искористиме?
Од природата за човекот, од
човекот за природата. Симбиоза.

 
elektricna_energija_besplatno_3.jpg

Никола Нешкоски,
дипл.инж. за жив.средина
(НВО ,,Еко – Логик“)

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top