Првиот регионален Adria Summit ќе се занимава со темите и трендовите во областа на e-Commerce индустријата, која е една од најбрзорастечките во последните две години. На самитот кој од 5-ти до 8-ми мај ќе се одржи во Савудрија (Умаг, Хрватска), во хотелот „Кемпински Адриатик“ ќе се најдат стручњаците од регионот, но и генералниот спонзор на настанот Mastercard.
Оваа индустрија бележи сериозен раст во последните години,а особено од почетокот на пандемијата. Според извештајот Mastercard Recovery Insights, во 2020 година дури 900 милијарди долари биле потрошени по пат на интернет продажба, а годишниот пораст во 2020 е поголем за 25% споредено со претходната година. После две години во пандемија, речиси е неверојатно колку услуги се достапни преку интернет. Листата е долга – бесконтактно плаќање, фајнтек апликации, крипто валути, експлозија на услуги за достава на храна и разни други потреби, дигитализација на услугите по државите, работа надвор од канцералиите, и сл. Војната во Укранина носи нови предизвици во однос на трансакциите на пари и работењето на ИТ компаниите.
Што е следно? Каде сме ние како регион во дигиталниот систем е темата на првиот самит – Future of Digital Commerce. Конференцискиот дел на програмата опфаќа: 4 key note спикери, 8 панел дискусии и уште 4 термини со изненадување, како и над 70 учесници во програмата. Повеќе информации ОВДЕ.