На локацијата на поранешната фабрика за сапуни „Цветан Димов“ во Скопје ќе никне елитен објект како познатата зграда „Флатајрон“ во Њујорк изградена во 1902 година.
На парцелата од 4.400 метри квадатни ќе се изгради објект од 16 ката кој ќе содржи деловен простор и 14 нивоа станови.
Државното земјиштето го купи пред еден месец градежната компанија „Адора инженеринг“ на лицитација за 2,2 милиони евра, а почетната цена беше 308 илјади евра.
Ванчо Чифлиганец, сопственикот на компанијата, вели дека изградбата ќе почне во 2016 година, треба да заврши за 18 месеци, а вкупната инвестиција е 40 милиони евра.