На манифестацијата „Најпопуларни“, позната како „Гран при“ и „Битолски оскар на популарноста“, компанијата „Адора инженеринг“ го доби признанието најпопуларна градежна компанија во 2014 година во Македонија, а генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја доби специјалната награда за општествена одговорност.
Директорот Ванчо Чифлиганец изрази задоволство што откако сам ги почувствувал благодетите на солидарноста и помагањето на заедницата за своето образование, сега според своите можности му возвраќа на општеството, со поддршка на образованието и развојот на младите талентирани луѓе, студенти и спортисти, како и хуманитрани акции и донации за заедницата, со што сите заедно вложуваме во развојот на државата за подобар живот и иднина на граѓаните.
Манифестацијата „Најпопуларни за 2014“, се одржа во Битола по деветти пат во организација на „Тв Орбис“, чии гледачи со гласање ги избраа најпопуларните компании, поединци и институции од целокупното живеење на општествената заедница.