„Адора инженеринг“ ја доби наградата The BIZZ 2016 за иновативен стил во домувањето во Монте Карло од Светската бизнис конфедерација, една од најзначајните награди што им се доделува на водечките компании во развојот на бизнисот на национално и светско ниво.
„Наградата The BIZZ 2016 се должи на оригиналната иновативност што во стилот на домувањето, проектантскиот тим на Адора инженеринг во соработка со реномирани дизајнери од европските држави, ја воведе во новите комплекси Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden. Посебен акцент во овие објекти е ставен на креативниот дизајн на објектите со висок урбан стил на живеење, каде во внатрешното уредување клучно место имаат атриумите со изобилство на природна светлина и свеж воздух, зеленилото со елементи од дрво и камен, амбиенталното осветлување и осмислените заеднички содржини, што на станарите им нудат чувство на интимност и топлина. Наградата се должи и на иновативноста во квалитетот на домувањето, каде посебно внимание посветивме на звучната изоалција до 63 db, 80 % над македонските стандарди, што ја постигнавме со иновативен повеќеслоен ѕид. Признанието е уште една потврда дека покрај домашната и меѓународната бизнис заедница ги препознава и вреднува заложбите на овој градежен бренд со примена на иновативни револуционерни решенија да создаде производи според потребите на купувачите, кои за вложените средства добиваат максимална вредност, достапна за македонските граѓани“- вели Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора инженеринг“, кој со менаџментот на компанијата, на 15 мај во Монако ја прими наградата.
„Адора инженеринг“ во 14 годишното постопење како успешна градежна компанија во високата градба има добиено четири интернационални и 20 национални признанија, кои во компанијата велат дека се мотив плус да продолжат и натаму со пионерските иноватитни проекти да ги доближуваат придобивките од светските трендови и стандарди во домувањето на македонските граѓани, а со тоа да ја движат напред целата индустрија на високата градба во Македонија.