Денес започна изградбата на новиот елитен станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, во Општина Кисела Вода, кај Стара рампа.
Адора Flatiron Скопје го носи духот на Њујорк во централното подрачје на Скопје, со што македонската метропола ќе биде дел од светските градови со атрактивната архитектура на Њујоршката урбанистичка икона Flatiron. Предизвик за тимот на Адора инженеринг беше со референцата на култната зграда на Менхетн од 1902, во слични локациски услови во Скопје, во 2015 да изгради препознатлив симбол на светското културно наследство.
Елитниот објект Адора Flatiron Скопје започна да се гради на просторот меѓу бул. Македонија и ул. Иван Козаров, познат како Стара Рампа, во Кисела Вода, на само 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од строгиот центар на метрополата, со панорамски поглед на Порта Македонија и главниот плоштад во Скопје.
Зградата со висина од 54 метри има приземје, мезанин и 16 катови, елитни станови од 31 до 119 м² и луксузен апартман на врвот од 260 м² со фантастичен поглед на Скопје. Објектот има 29 луксузни деловни простории од 45, 90, 123 до 277 м², со можност за спојување до 508, 527, 1035 и 1770 м², со идеални услови за успешни бизниси и модерни паркиралишта.
Објектот има сопствени 350 модерни паркиралишта на три нивоа.
Со препознатливиот архитектонски изглед со елементи на неокласицизам и впечатливи детали, атрактивниот објект Adora Flatiron Скопје, со докажана стабилност и стандардизиран европски квалитет нуди одлични услови за домување во висок урбан стил, со лесна достапност на строгиот центар на Скопје.