Насловна / Архитектура / Архитектурата на градот вон дневната политика

Архитектурата на градот вон дневната политика

skopska_nedela_na_arhitektura_thumb.jpg„Овој фестивал е на едно друго ниво, многу повисоко од локалното. Политичкиот контекст на
архитектурата не е ендемичен за Скопје. Тоа се случува насекаде. Гостувачките архитекти се запознаени
со таа појава, тоа се професионалци кои со разбирање гледаат и на отоманската, и на метаболистичката,
и на архитектурата на Скопје 2014“, потенцираше Иван Мирковски, еден од организаторите на настанот.

Во периодот од 1 до 6 јуни, на
тема „Суперград“ се одржа
Скопска недела на Архитектура
2011, проект кој е своевидно
продолжување на Форум – Скопје,
кој три последователни години
организираше дебати и разговори за
градот Скопје. Фестивалот се одржа
во просториите на Домот на АРМ, во
организација на Иван Мирковски,
Емил Јегени, Елена Икономов, Нина
Карангелеска, Максим Наумовски,
Оливер Илиевски и Искра Андреева.
Според зборовите на архитектот
Иван Мирковски, преку темата
„Суперград“, фестивалот се обидува
да ги избрише границите меѓу
гео-социолошкиот диверзитет
на разбирање на процесите
во архитектониката на градот,
бидејќи тој треба да се согледа
како мегаструктура која со себе
не носи само структурални
импликации туку и разработува
социо-филозофски контексти. Од
друга страна, Скопје како град чија
постземјотресна изградба се темели
на интернационална солидарност,
преку фестивалот се обидува да
ја доближи својата недоволно
промовирана архитектонска
особеност кон пошироката јавност.
Првата архитектонска недела под
наслов „Суперград“ го поддржа
интернационалниот аспект на
архитектурата – учесници од
различни европски земји дискутираа
за архитектура, дизајн, урбанизам
како и за социо-филозофските
аспекти на градот. Привремениот
објект во облик на игло структура,
поставен на платото пред Домот
на АРМ, беше пункт за кратки
паузи, средби, разговори и вечерни
музички настани. „Овој настан го
одбележува урбаното живеење,
архитектурата согледана во поширок
социолошки и културолошки
контекст на делување помеѓу градот
и неговите жители, уметноста и
дизајнот“, вели Мирковски.

 
skopska_nedela_na_arhitektura_1.jpg

БОГДАН БОГДАНОВИЌ

Отворањето на фестивалот беше
проследено со изложбата „Градот
и Иднината“ на српскиот архитект,
писател и урбанист Богдан
Богдановиќ. Неговата оригиналност
во доменот на меморијалната
архитектура и теоретскиот дискурс
на тлото на бивша Југославија,
ја презентираше архитектот –
публицист Владимир Вуковиќ,
предавач на Високата Школа во
Халштат и автор на книгата „Богдан
Богдановиќ – Das Literarische Werk“.
Уводното предавање на Вуковиќ
ги обедини творештво на овој
единствен архитектонски јазик со
опусот на публикации на Богдановиќ
за естетиката, историските и
филозофски аспекти на градовите
– од „Мал урбанизам“ од доцните
педесетти години на минатиот век
до „Зелена кутија“ од 2009 година.
Преку градењето на споменици,
Богдановиќ успеал да создаде
не само место на сеќавање туку и
архаични архитектонски ансамбли
со повеќезначна симболика;
конструкции кои се инспирирани од
древната дуалистичка борба помеѓу
доброто и злото. Според нивниот
творец, тие не се реални споменици
– тие се приказни, интересни и
фантастични објекти… , нешто што
секој може да го интерпретира
различно. Избегнувањето на националистичките императиви за
овие објекти, повторно ја потенцира
нивната архаична сила и поетика.
Посетителите беа во можност да
ја проследат и проекцијата на
документарниот филм „Архитектура
на сеќавање – споменици на Богдан
Богдановиќ“ на Reinhard Seiss.

 

ПРЕДАВАЊА И
ПРЕЗЕНТАЦИИ:

Една од првите презентации
на настанот беше на Љубо
Георгиев, млад архитект по
потекло од Бугарија, кој во 2004
година дипломирал на студии
по архитектура во Венеција.
Воедно, тој е и основач на „Студио
Љубо“, студио за архитектонско
проектирање, основано во 2009
година. Својата работа тој ја
базира врз личните убедувања дека
архитектурата игра значајна улога
во формирањето на општеството.
Можеби не толку во формирањето
на човекот колку во влијанието
врз оспособување на просторот
и давањето форма и смисла на
полето за акција и интеракција со
другите. Како архитект бил во улога
на куратор на Sofia architecture
week 2011. Со споделувањето на
ставовите и искуствата, личното
дефинирање на архитектурата
преку презентација на сопствените
проекти, ова кратко предавање ги
воведе присутните во амбиентот на
надежен фестивал за архитктура.

skopska_nedela_na_arhitektura_2.jpg 

Според албанските архитекти
Besnik Aliaj и Sotir Dhamo при
POLIS Универзитетот од Тирана,
во Албанија околината е полна
со контрасти, и виси меѓу
реализмот и суреализмот, меѓу
комунизмот и капитализмот, меѓу
потстандардната архитектура и
искушенијата на најекстремната
креативност. POLIS е образовна
институција која ја поставува
едукацијата како светлина на патот
кон канализирање на потиснатата
енергија во нови мисли и начини
за создавање град со позитивни
вибрации. „Професионалци
од областа на урбанистичко
планирање се сериозна потреба
во реалноста на Албанија.
Нивната едукација ја базираме
на инспирација, истражување,
позитивен пристап, предизвици…“
е заклучокот на Dhamo.

 

„Боите на чешката архитектура“
ги бранеше Projektil Architecti
studio, основано во 2002 година
од страна на младите архитекти
Roman Brychta, Adam Halír,
Petr Lešek и Ondrej Hofmeister.
Студиото дизaјнира архитектура
која претставува комбинација
на традицијата, иновативната
типологија и одржливиот развој.
Во нивните дела се сублимирани
модерната уметност, дизајнот,
архитектурата, технологијата и
локалниот контекст. „Често на
нашите проекти покануваме и
остваруваме соработки со млади и
перспективни автори, затоа нашата
листа на соработници е долга и
постојано отворена. На младите
им се многу потребни искуства и
инволвираност, тоа го научивме од
сопственото минато“, изјави еден
од презентерите на ова студио.

 
skopska_nedela_na_arhitektura_3.jpg

Eduards Beernaerts, како
претставник на две проектантски
студија од Литванија,
„8 a.m.&Lejnueku projecte“, направи историска ретроспектива
на архитектурата во својата земја,
преку виртуелно разгледување
на главниот град Рига. Според
него, архитектурата на градот
е обележана со стариот дел,
кој е под заштита на УНЕСКО,
а се карактеризира пратено
со неоготски и еклектички
градби. Меѓу двете светски војни
забележително е форсирањето на
функционалистичката архитектура,
а потоа дрвените елементи и
романтичарскиот архитектонски
израз стануваат типични за градот
и целата држава. „Може да се
направи паралела меѓу Скопје
и Рига, во однос на развојот на
градовите од архитектонски
аспект, со исклучок на скопскиот
земјотрес. Но Рига претрпела
далеку поголема девастација за
време на Втората светска војна,
што е во сосем мала временска
дистанца со земјотресот во Скопје.
Се работи за градови со слични
текови на голем број различни
транзитни култури, влијанија и
наследство во архитектурата, но
сепак, концептот на одвивање
на развојот е заеднички“,
констатираше Beernaerts.

 

На излагањето на естонскиот
архитект Luik Kazli од SALTO
Architectural Office, беа претставени
неколку од неговите најнеобични
проекти, меѓу кои и најновиот,
Straw theatre – привремен објект
изграден од слама во Талин, кој
треба да послужи како театарска
сала за време на манифестациите
предвидени во програмата по повод
доделувањето на титулата Град
на културата 2011. Внатрешните
површини на објектот се обложени
со пластична облога од 2
сантиметри, додека фасадата не
е обложена, едноставно, сламата
е обоена црно. „Одржливоста е
пречесто користен израз. Концептот
на овој објект е ирончен во
поглед на одржливоста, бидејќи е
искористено огромно количество
природен материјал за објект кој
ќе трае само 5 месеци“, посочи
Kazli. „Архитектурата може
да биде и оружје“, ироничен
беше тој, презентирајќи објект
чиј полукружен ѕид од стакло
создал ефект на соларен
ласер и изгорел канцелариска
столица во соседниот објект.

skopska_nedela_na_arhitektura_4.jpg 

Презентацијата на Факултетот за
Архитектура од Фиренца, Италија,
беше основана на примери за
уредување урбани квартови во
италијанските градови, осмислени
од старите италијански мајстори
како Леонардо да Винчи. Меѓу
објектите и проектите што ги
претстави тимот на Francesco
Collotti, беше и реконструкцијата
на тврдина, чија примарна воена и
заштитна функција е пренаменета
во музеолошки јавен простор.
„Ги учиме нашите студенти на
посветеноста со која претходниците
во архитектурата ги решавале
проблемите на урбанизираните
простори. Ги акцентираме
урбанистичките фрагменти со
верба дека тие можат да променат
многу“, рече Collotti говорејќи
за работата на Факултетот за
архитектура од Фиренца. Говорејќи
за искуствата што го асоцираат на
Скопје, тој изјави дека се „потребни
јавни згради за подобрување на квалитетот на живот во
пренаселените квартови, како и за
рекомпензација за пребрзиот раст
на бројот на станбени објекти“.

 

Со зборовите „Мала катност –
голема пустелија“, косовскиот
архитект Gezim Pacarizi ја започна
презентацијата на необичните
екстреми кои се карактеристика
на архитектурата во Косово,
преку фотографии на амбициозни
архитектонски ремек-дела и улици
забарикадирани со залепени
монолитни нефасадирани објекти.
„Ми се допаѓа кога празниот
простор перфектно кореспондира
со објектите и формите во
просторот. Празнотијата,
потполното присуство на нешто
што не е тука, за мене е исто важно
како и пополнетиот, искористениот
простор. Често во моите проекти
не е дефинирана границата
меѓу внатре и надвор. Дури и
станбените објекти се отворени
и просторот е нагласен со степен
до кој може да се почувствува“,
се размислувањата на Pacarizi во
однос на своите проекти. „Кога
градам никогаш не ги довршувам
скиците. Безброј промени
настануваат тековно, за мене
објектот е готов дури кога може
да почне да се користи, а некогаш
дури и долго потоа“, е заклучокот
на овој косовски архитект.

 

Според белградската гостинка
Милица Стошиќ, досега на
осветлувањето се гледа чисто
од електроинженерски аспект.
Ваквото сфаќање во теоријата е
наречено квантитативно, додека
квалитативното сфаќање станува
се поважно како концепт во
современиот дизајн и архитектура.
Таа на темата Light+Design In
Architecture, зборуваше за светлото
како нов концепт, кој формира
нова струка во широката сфера на
архитектурата и дизајнот, и во тој
контекст и ја третира политиката
на соработка со архитектите и
дизајнерите при планирањето
на осветлувањето на објектите.
За поквалитетна соработка во
овој поглед, потребна е нивна
консултација уште во доменот на
индустриско производство. Според
неа, постојат три типа осветлување:
амбиентално осветлување – кое го
потенцира обликот и димензиите,
светлински акценти – хиерархиско
согледување на елементите во
просторот и светлосни ефекти
– кога светлото има улога на
информација. Вештината за нивно
комбинирање и употреба допрва
почнува соодветно да се цени
во светот и кај нас. „Светлата
имаат голема моќ на модулирање
на просторот и формите во
него“, смета Милица Стошиќ.

 

Претставникот на реномираното
студио за архитектура Oiio Office од
Грција, говореше за проблематиката
на големите градови. Според него,
проблемот на унифицираните
станбени објекти, кои се обично
гломазни и повеќекатни, и честопати
неконтролирано се „множат и
копираат“ на лицето на градот, на
еден неестетски начин трајно го
нарушуваат јавниот простор. „Ние
јавните конкурси ги користиме како
‘бојно поле’ на кое со инвентивни
решенија се бориме против
архитектонската монотипија која
претставува сериозен проблем на грчките градови, но и на други
големи градови“, беше посочено
во текот на ова предавање.

 

Излагањето на Orsolya Vadász
(Spora Architects) од Унгарија
го презентираа современиот
архитектонски пристап на
проектанското студио, како спој
од нови иновативни проекти,
историска трансформација на
постоечки објекти или обединување
на современи форми на експресија,
со реконструкција и заштита на
постојни архитектонски структури.
Словенечкото архитектонско
студио Sadar Vuga, го претстави
Јуриј Садар преку опширно
портфолио на архитектонска
експресија – од план за
резиденцијална зона К66 за
Љубљана, културните комплекси
Bеton Hala во Белград или
MAKS во Марибор, преку
интерактивноста на проектот
Intercity во Виена, до дизајн на
мостовска структура и урбана
скулптура. Архитектурата, според
нив, не треба да функционира
единствено како дизајн, туку како
начин на обликување и промена
на социјалната сцена. Во поглед
на градот Скопје, архитектот Јуриј
Садар го поддржува учеството
на граѓаните во донесувањето на
архитектонски одлуки. „Скопје
има потреба од јавни дебати,
споделување на мислења, идеи
и искуства меѓу граѓаните и
архитектите за изгледот на
градот“, појаснува архитектот.
„Сите тие дишат заедно со
градот, го сочинуваат неговото
јадро, и ги движат механизмите
за негово проширување,
развивање и урбанизирање
според своите потреби“.
Минас Бакалчев, професор на
Архитектонскиот факултет во
Скопје ги презентираше проектите
произлезени од соработката со
архитектот и професор Митко
Хаџи Пуља. Меѓу нив е објектот
на македонско – италијанскиот
мултимедијален едукативен центар
(добитник на Големата награда на
архитектурата АСК 2008), кој се
надоврзува на еден од позначајните
комплекси на постземјотресната
изградба на нашиот град –
универзитетскиот комплекс „Св.
Кирил и Методиј". „Превиткувањето“
на внатрешната површина,
хоризонтална и вертикална, според
Бакалчев, му дава скулптурален
карактер на објектот, а истовремено
и програмски го диференцира во
однос на внатрешните содржини.
skopska_nedela_na_arhitektura_5.jpgМеѓу поактуелните проекти на ова
архитектонско дуо е новиот објект
на Македонскиот народен театар, кој
е лоциран на местото на сегашниот
монтажен објект на театар
Центар од 1965 година. Објектот
го карактеризира атриумска
влезна партија, инвентивно
решение на надворешната
обвивка, како и обликовното
„отсуство“ на театарската сала
од целокупниот волумен на
објектот. Меѓу останатите нивни
проекти се вбројани мостот на
реката Вардар, резиденцијалниот
комплекс за припадниците на
АРМ, едносемејната куќа во Порој
– Тетово и православната црква
Св.Илија во Говрлево. Пристапот на
норвешкото студио 3RW Arkitekter
кон архитектурата е постојано
истражување на социјалните,
културни или енвироменталистички
аспекти на нејзиното опкружување.
Според нив, одговорот на денешните комплексни урбани проблематики
се базира на интердисциплинарна
соработка меѓу различни
професии. Тоа им овозможува на
3RW да се изразат преку дизајнот
во разновиден опсег: преку
уметничкa видео инсталациja
Urban Farmers во павилјонот на
Тајван на Биеналето во Венеција
2006; резиденцијални објекти
за студентскиот град Fantoft во
Берген; пејсажна архитектура на
видиковците во Аскваген и Кјекса
или објекти од јавен карактер –
плоштад во склоп на културниот
центар во Берген. Исто така, на
полето на урбанистичко планирање,
основачот на ова студио, Håkon
Rasmussen го издвои нивниот
предлог – сценарио на развој за
градот Берген 2108, кој предвидува
згуснување на градското јадро, и
осамостојување на субурбаните
зони како независни енклави.

 

На завршната вечер предавање
одржа архитектот Thomas Doxiadis,
предавач на Универзитетот
во Патрас, Грција. Во првиот
дел од своето излагање ги
интерпретираше урбанистичките
планови за постземјотресната
изградба на Скопје, изработени
од институтот за урбанистичко
планирање Doxiadis Associates, во
соработка со Polservice од Варшава
од 1964 година. Теоретските
принципи на развојот на идните
градови – Dinapolis, на архитектот
и урбан планерот Constantinos
A. Doxiadis (Doxiadis Associates),
беа објаснети од самиот Thomas
Doxiadis преку урбанистичките
планови базирани на линерна
експанзија во однос на градскиот
центар и нивната можност да
се развиваат динамично низ
времето. Во продолжение, Thomas
Doxiadis се осврна на својата
пракса, која воедно инволвира
урбано планирање, пејсажна
архитектура и проектирање на
архитектонски објекти. Како
позначајни проекти беа издвоени
зелените урбани острови во
централното градско подрачје
на Атина, пејсажното планирање
на грчките острови Антипарос,
Спетсес, Миконос, дизајн на
урбан простор – Акрополис Музеј,
Атина и урбанистички планови
за различни зони во Атина.

skopska_nedela_na_arhitektura_6.jpg 

Предавањата беа проследени
со разговори помеѓу учесниците
на фестивалот, како критичка
дебата која ги потенцираше
нивните различни пристапи и
теориски аспекти во домен на
архитектонската и урбанистичката
пракса. Во текот на одржувањето
на Skopje Architecture Week 2011
гостуваа и педесетина студенти
по архитектура од факултети од
Грција, Бугарија, Албанија, Србија
и Италија (Фиренца). Тие учествуваа
на архитектонска работилница на
тема „Суперград“. Работилницата
немаше компетитивен карактер,
туку имаше за цел размена на
искуства и идеи меѓу идните
архитекти. Студентите беа поделени
во неколку тимови, секој сочинет
од претставници на различни
факултети и земји. Макетите и
концептите што беа изработени од
страна на студентите имаа достојна
презентација на изложбата
што беше отворена на 5 јуни во
вечерниот дел од програмата.

 

Бојана Филиповиќ,
Леонида Пенка БАША

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top