Насловна / Архитектура / Архитектура по мерка на човекот, а не статистички податок

Архитектура по мерка на човекот, а не статистички податок

arhitektura-po-merka-na-covekot-thumb.jpgЈавната презентација и
професионална рецензија
на планираните активности
и постигања, максимално ќе го
доближат нашиот продукт до
пошироката јавност, со перманетно
претставување и вреднување,
во постапка која ќе го има како
крајна цел оформувањето на
урбани агломерации по мерка на
човекот и просторот, со се она што
е непишана норма за реализација
на архитектонски дела на нивното
вистинско место со почитување на
законитостите на времето“.

Моево
кусо навраќање на овој сегмент
од сферата на архитектонското
творештво, започнато во минатиот
број на Порта3, би сакал да
го завршам со личен апел до
бројните постари и, пред сè,
помлади колеги смело и одважно
да влезат во овој сегмент, и преку
бројните електронски и печатени
медиуми да ја доближат нашава и
светската архитектура до стручната
и пошироката јавност. Вака
затворени во нашите мали „авлии“
стануваме бедна и заостаната
енклава, без светла професионална
иднина. Еснафот – македонските
архитекти во сè ја делат судбината
на неразвиен крај, мерено низ
сите релеванти показатели.

arhitektura-po-merka-na-covekot-1.jpg
ИНЖЕНЕРСКИ СТРУКИ

Архитектите што професионално
дејствувале на просторот на
Македонија до 1945 година можеа
да се избројат на прстите на двете
раце, а Македонци дипломирани
архитекти и инженери можеа да
се избројат на прстите само на
едната рака! Оваа слика драстично
се менува по ослободувањето со
присуството на бројни инженери
од сите инженерски струки од
поразвиените делови на заедничката
држава. А по 1950 година почнаа
да пристигнуваат дипломирани
инженери и архитекти од бројните
универзитети ширум СФРЈ, пред
сè, од универзитетот во Белград.
Нов квалитетен исчекор се направи
со отпочнувањето на работа на
техничкиот факултет во Скопје
во 1949 година – со два отсека,
Архитектонски и Градежен. Бројот
на дипломирани инженери и
архитекти од Архитектонскиот
факултет во Скопје ја надминува
бројката од над 3.000 дипломирани
инженери и архитекти. Со
ваквиот број на дипломирани
инженери, стануваат реалност
и најамбициозните и најтешките
предизвици. Катастрофалниот
земјотрес што го погоди Скопје во
1963 година, беше де факто прв и
прав тест за достигнатиот степен
на инженерска оспособеност за
дејствување во вонредни услови и
реално споредување со бројните
специјалисти од СФРЈ и целиот
свет, што беа вклучени во обновата
и изградбата на разурнатиот град.
arhitektura-po-merka-na-covekot-2.jpgСтанавме свесни дека за нормалното
функционирање на техничката
интелигенција на сите подрачја
за кои има регуларен мандат –
диплома на инженер, перманентното
образование е најважната алка и без
следење на развојот на сите полиња
на техниката и технологијата,
дипломираниот инженер се
доближува до интерпретаторите,
мајсторите. Веќе на одбележувањето
на 15 години од катастрофалниот земјотрес, на 26 јули 1978 година,
во новоотворениот музеј на Град
Скопје, во старата железничка
станица, беше отворена прекрасна
изложба со наслов „Скопје 63-78“,
со прикладен каталог. Оваа успешна
изложба, тековно дополнета со
селектирани , новоизградени
објекти во март 1980 година,
беше составен дел на Деновите на
македонската архитектура што се
одржа во Кралството Белгија. На
XXX заседание на УНЕСКО, кое се
одржа во септември 1981 година во
конгресниот центар Сава во Белград,
Република Македонија, на 50 паноа
со двојазичен каталог, беше ударно
претставена со архитекрурата
на Скопје по земјотресот.

СОЈУЗ НА АРХИТЕКТИ

Ова кусо навраќање за јавната
презентација на најмаркантните
објекти, кои се изградени во
Скопје по 1963 година, само
ја илустрира позицијата на
архитектурата и архитектите на
Македонија во рамките на државата
и финансиската и останатата
поддршка што тогашниот Сојуз на
архитекти ја имал во рамките на
пошироката општествено-политичка
зеадница, како единствен и
легитимен претставник и амбасадор
на македонските архитекти.

Како и во државната заедница,
моделите на владеење се
пресликуваа на сите одделни
нивоа. arhitektura-po-merka-na-covekot-3.jpgПоследен претседател
на САМ (сега ААМ) со мандат од
три години беше во периодот
1987 – 1980 год. Со директива се
имаенуваа претседателства со
мандати до 4 – 5 години и ротирачки
претседател со мандат од една
година. Во претседателство со
мандат од 1980 до 1985 година
е одржано првото Биенале на
македонската архитектура,
камен темелник и меѓник на
македонската архитектура.
Каруселот-рингишпилот даваше
огромни шанси и за „алиби“ на
едногодишни претседателствувања.
Но што е тука е!

Во време на овој експеримент
со водењето на САМ и сличните
организации, како дел од ССРНМ, за
волја на вистината почна да излегува
по првпат во неговото постоење
списание кое го уредува и печати
САМ, списанието „А“. Претседател
на издавачкиот совет беше академик
Крум Томовски, а главен и одговорен
уредник професор Живко Поповски.
Веројатно со скромни, но сепак
доволни финансиски средства
обезбедени во програмата за
функционирање на Републичката
заедница за култура. Навидум сè е
океј. Имаме списание, кое очекувано
периодично ќе се печати, а имаме
и Билтен кој има подолг век на
живеење во рамките на активностите
на САМ, но благо речено имаше
статус на посвоено дете. И сега
не ми е јасно зошто. Се трудам,
во овој мој напис, да презентирам
што доведе фелата на архитектите
наместо со цртежи и пишани
траги да се бори со своето
место „под сонце“, со
протести и транспаренти.arhitektura-po-merka-na-covekot-4.jpg
Жално! Понижувачки !?

Како се наближуваше разврската
во заедничката држава, така и
состојбите во САМ се рефлектираа
правопропорционално во склад со капацитетот на
колегите, што на демократски
начин беа избрани да го водат
Сојузот со мандат во согласност со
нормите запишани во статутот на
САМ и легислатитвата. Политичкото
„невреме“ не ја одбегна ни
канцеларијата на САМ заедно
со разбиеното раководство. Се
правеа напори САМ потполно
да не згасне! Вложениот труд
резултира со условно речено
свикување на редовно, воедно и
изборно собрание на САМ кое се
одржа на 8 ноември 1990 година,
во домот на ИТ. Се беше навидум
нормално, до моментот кога „пучистите“ на повик од професорот
Живко Поповски ги отфрлија
сите валидни правила и норми
кои постоеја во САМ, и формираа
преодна „воена влада“ на чело со
мадатарот Вангел Божиновски.

СПРОТИСТАВЕНИ СТРАНИ

И покрај неколку проблесоци на
тогашните раководни гарнитури
на САМ, тој близу десетгодишен
временски период беше период
на недомаќинско и авторитарно
владеење, што сè заедно
резултираше со негово лошо
позиционирање во изминативе
транзициски времиња во кои
челните луѓе, (со чесни исклучоци
на проф. Т.Стојков, З.Ивановски
и Д.Стојановски), раководењето
на Сојузот го сфатија (и го
злоупотребија) за самопромоција.
Така, со колеги кои биле во
првите редови на асоцијацијата,
во моментов се наоѓаме на
спротивните страни на барикадите.
Ние, како организиран еснаф,
регистриран како правен субјект
со мандат да го прави најдоброто
во зададените околности и рамки,
од едната страна, и државата од
друга, час поскоро мораме да
се најдеме од истата страна на
фронтот. Историјата нè учи дека
предавниците секогаш биле и
останале во функција за еднократна
употреба. Со оваа лична прошетка
сакав да фрлам повеќе светло врз
состојбите на архитектурата во
Македонија во тие години, и врз
оние допирни точки кои имале
и имаат директно влијание за
позиционирањето на архитектите,
кои се продолжена рака и стручен
сервис на сè она што во овој миг,
без обиколување на вистината, се
дефинира како погребна музика
на македонската архитектура, без
оглед на индивидуалните блесоци.
arhitektura-po-merka-na-covekot-5.jpgСовремената архитектура на
Македонија ја интерпретираме со
погледи наназад, со инспирации во
стилови кои постоеле пред два, три
или повеќе векови, што е своевиден
апсурд. Никогаш за делото не
било делотворно ако волјата на
нарачателот има пресудно влијание
во креативниот дел. Од крајниот
исход, како што се движат сега
работите во нашиот простор,
еден ден сите ќе се срамиме?!
Архитекти-креатори по вокација
се луѓе со животен оптимизам, и во
никој случај не треба да се мират
со наметнатите услови и позиција,
што резултира со неквалитет, кич и
архитектура со дневно-политички
и лукративни цели. Мораме да ги
изнајдеме излезните патишта во оваа
навидум безизлезна состојба за да ја
вратиме веселбата на проектирање
и градење на објект по мерка на
човекот и во дослух со времето!

АРХИТЕКТОНСКА
АКАДЕМИЈА

Сè што не ги почитува овие
основни правила како трајна рамка
е фантомска архитектура, без
место на живеење?! Но денеска,
кога архитектонската асоцијација
го препозна својот историски
миг, и во својата функционална
и формално-правна средина
ја оформи Архитектонската
академија, прашање е на ден или
на созреани услови, кога таа ќе
прерасне во самостоен субјект, што
натаму ќе ја збогатува и афирмира
архитектонската креација како
врвен дострел на секоја творечка
активност. arhitektura-po-merka-na-covekot-6.jpgКреација потпрена
врз посебните особености на
секое човеково творештво и сè
она што значи културен дострел
и миг на секоја цивилизирана
средина. Патот што треба да се
изоди до овие слободи, хоризонти
и видици е послан со сè она што го карактеризира патот на
бројните творци и борци за
слобода и немирење со шаблони,
диктати и ограничувања од сите
видови, но поинаков пат до
вистинска творечка слобода и
радост во творењето не постои.
Во согласност со позитивните
законски норми се конституира и
започна практично да функционира
Комората на инженерите и
архитектите на Македонија.
Сонот стана јаве! Но, на дело се
покажа дека бројните години
на исчекување на овој настан
повторно не затекнаа недоволно
подготвени. Законските норми се
наметнати како безалтернативен
ултиматум. Овој проект, во
интерес на професиите што ја
конситуираат Комората и во интерес
на дејноста што ја извршуваат,
мора да успее и комплетно да
профункционира. Детските
болести мора да се прележат што
побрзо и без трајни последици.
Мора да се избегне стапицата,
телата и органите на Комората,
да се претворат во продолжена
рака на државата. Комората мора
идеално да профункционира
како компетентен субјект помеѓу
професионалците и инвеститорите
од една страна и државната управа
и локалната власт од друга страна,
во услови на почитување на високи
професионални стандарди, пазарни
цени и правила. Дампингот, ниската
продуктивност и стандард, мораат
да исчезнат од нашиот простор.
ААМ мора да изнајде доволно
допирни точки во функционирањето
на Комората и низ протоколи,
правилници и програми да ја збогати
меѓусебната соработка , која во
моментов е во некое недефинирано
исчекување, без конкретни понуди
од двете страни. arhitektura-po-merka-na-covekot-7.jpgПериодот на
неизвесност не смее предолго
да трае. Безвоздушниот простор
по дефиниција е мртов простор!
Новите раководни гарнитури
на ААМ избрани оваа пролет, и
на Комората во исчекување да
биде именувана до крајот на
оваа година, мора да седнат на
заедничка маса и да направат
програма за ускладено дејствување
во согласност со мандатите,
долгорочните и краткорочните
програми, за нивното самостојно
дејствување и функционирање.
Ваквата усогласена и договорена
соработка мора да вроди со краен
максимален ефект и тоа, пред сè, во
неколку најневралгични простори:

– масовен „помор“ на сè што
не почитува норми, стандарди
и правила на играта во која
учествуваат субјект овластен со
закон и легитимен претставник
на професијата. Милениците или
поточно кажано „дивите“ ќе бидат
прикладни за лична употреба,
или како украсни рибички кои ќе
вегетираат во аквариумите;
– архитектонските конкурси во кои
се слават вистинските победници
мора да станат редовна појава,
потполно во согласност со
правилниците за оваа сфера;
– архитектонските реализации да
се одликуваат со висок естетски
и архитектонски достоинства на
радост на творците, реализаторите
и пошироката општествена јавност;
– програмите на високообразовните
институции, кои продуцираат
оформени инженерски кадри да
ги следат реалните потреби на
пазарот, а не да бидат обичен
статистички податок;
– со добро осмислени акции
техничката интелигенција на
Македонија да биде максимално
вклучена во размената на трудот
во подалечното и поблиското
опкружување, а најкусиот можен
рок да биде сместен во минатото
и историјата, времето кога за
инженерите на Македонија,
Република Македонија не беше
пристојно место за живеење.

За овој сегмент од
функционирањето на
поорганизираните облици на
асоцирање на поголемиот дел од
архитектите во Македонија, мислам
дека се посочени дел од главните
пунктови, на кои ќе треба да им
се пријде на поинаков начин, ако
сакаме да нè огрее посилно сонце
и да доживееме побогато утре.

архитект Трајко Димитров

Испрати коментар

Scroll To Top