Предмет на конкурсот е изработка на идејно архитектонско решение за
изградба на времено сместување-автокамп, одредено со Урбанистички план
вон населено место, локација Сончева езерска населба на езеро Мантово,
општина Конче, Македонија. Конкурсот е отворен, меѓународен, јавен и ќе се одвива во една етапа.
Со победникот на конкурсот ќе биде склучен договор за изработка на технички проект и реализација на конкурсното решение.
ПАРАМЕТРИ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА 1.108
• Површина на градежна парцела 12393м2
• Површина за градење 2648.8м2
• Максимална висина до венец нема
ПРЕДВИДЕНА ПРОГРАМА
• Класа на намена А4 ( времено сместување со компатибилни класи на намени Б1, Д1 и Д2)
• 15% комерцијални објекти
• 15% санитарни јазли
• Останатиот дел од парцелата – 40 камп единици со сите потребни елементи, пристапи, комуникација и инфраструктура за секоја единица поединечно
*сите елементи ќе бидат дополнително дефинирани со архитектонско-урбанистички проект
ФОРМАТ ЗА ПРЕДАВАЊЕ
PDF формат
Урбанистичко и архитектонско решение на целата локација М=1:500
Основи, пресеци и изгледи на секој од предвидените објекти М=1:200
3Д прикази
РОКОВИ
Објавување на конкурсот 12.02.2013
Електронско пријавување на [email protected]до 26.02.2013 16.00часот
Прашања и дополнителни материјали
на [email protected]до 26.02.2013 16.00часот
Организирана посета на локацијата 27.02.2013/28.02.2013
Предавање на решенијата електронска верзија
на [email protected]до 31.03.2013 16.00часот
Објавување на победникот прва половина на април.2013
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТНиколова Ксенија
телефон +389 70 277 628
e-mail: [email protected]