Насловна / Интервју / Архитектите масовно да се наметнат против злоупотребата на просторот

Архитектите масовно да се наметнат против злоупотребата на просторот

nikola-pavlovski.jpgДури по завршувањето
на работниот стаж, како
пензионер, архитект Никола Павловски за прв
пат се јавил на конкурс.
Вели дека досега немал потреба
да се докажува на тој начин, а со
двата проекта конкурирал на АСК
и за Годишната награда,

затоа што
сметал дека се добри и јавноста
треба да ги види. Како долгогодишен
професор на Архитектонскиот факултет своето знаење им го пренел
на над 300 дипломирани студенти
од кои со голем дел до ден денес
соработува. На помладите им порачува да работат додека можат,
бидејќи во архитектонската струка
годините не значат ништо. Работниот
век го почнал во “Пелагонија“, каде
работел 10 години, а потоа преминал
на Архитектонскиот факултет, по-
минувајќи ги сите скалила до професор. Освен во Македонија доста раобтел на Косово, а дел од
неговата работна референца се
трговскиот комнплекс “Алба“ во
Приштина, станбени згради и хотел
на Косово, кланица, ветеринарна
станица и занаетчиски центар во
Косовска Каменица, фабрика за
кожа во Делчево, фабрика за сушење
зеленчук во селото Липпково, вили за
одмор во Охрид, станбена зграда на
улица 11 Октомври во Скопје, рентген
дијагностички центар во Гевгелија
и други, поголемиот дел работени
тимски.

 

Повеќе децении работите како
архитект, а конкурсот за годишна
награда е втор на кој сте се
јавиле, по оној за АСК. Што
имате проектирано и зошто не сте
конкурирале за награда со други
проекти?

До сега сум изработил многу проекти.
Проектирав четири вили за одмор во
Охрид, станбена зграда во Скопје,
индустриски објекти низ Македонија,
во Косово, фабрика за акумулатори
во Бујановац заедно со професор
Петков, мој е проектот за кожарата
во Делчево. Сум работел и други
објекти со различна намена, кои
бараат многу позрело размислување,
како и познавање на сите области од
струката проектирање. Причина за
тоа што до сега не сум конкурирал
можеби повеќе беше скромност,
отколку нешто друго. Повеќе се
презентирав на научно, отколку на
стручно поле, иако паралелно работев
и на проектирање. Сум учествувал на
многу конгреси, на пример на светски
конгрес на архитекти во Турција, каде
шест години бев редовен гостин со
тема. Бев и претседател на Друштвото
за осветлување на Македонија член на
претседателството на југословенскиот
комитет. Моја проблематика беше
дневната светлина во архитектонското
проектирање за која работев специ-
јализација во Холандија.

 

Повеќе од 30 години бевте
професор на Архитектонскиот
факултет по предметот стопански
и индустриски згради. Како
ги оценувате таквите објекти
изградени во поново време. Дали
тие ги задоволуваат стандардите?

Порано градевме големи индустриски
комплекси кои беа државни, а сега
дојде време кога се градат мали
и средни претпријатија, така што
сите потребни објекти што ја даваат
функцијата мора да се вклопат во
помал габарит. Морам да кажам
дека моите поранешни студенти
го применија знаењето што го
добија на факултетот и успешно ги
реализираа таквите објекти, а некои
од нив добиваа и награди. Кај нас
многу малку се градат стопански
објекти, па јас најмногу сум работел
надвор од Македонија. За жал,
денес кога градат стопански објекти
инвеститорите имаат многу мала
соработка со факултетот, можеби
затоа што не знаат дека таму се
работат проекти и дека има стручни
лица кои можат да ги направат. Тие
главно купуваат технологии од надвор
и мислат дека го решиле проблемот
со технолошкото решение што
најчесто им го нуди производителот
на опрема. Не обрнуваат внимание
на тоа дека функцијата на објектот
не ја решава само опремата. Така
се запоставуваат другите важни
работи, како што е термичката
заштита, хидроизолацијата, заштитата
од сончева радијација и слично.
Тоа е комплетно запоставено во
стопанските објекти што се градат во
последно време.

 

Од индустриските објекти изгра-
дени во Македонија можете
ли да издвоите некои кои се
проектирани според сите правила,
такви што можат да се носат со
странските?

Јас работев ревизија на “Џонсон
Контролс“. Иако идејното решение
беше донесено од надвор, има
големи пропусти. Во еден волумен се
сместени сите објекти – производство,
складиште, канцеларии, лаборатории,
санитарни јазли. Објектот е висок 8
метри, а за да се решат пратечките
објекти се спушта плафон, наместо
да се направи понизок анекс.
Во затворени, неискористени
волумени таму има изгубено голема
квадратура. И објектот на “Сведмилк“
е моноволуменски, а помошните
простории се со спуштени тавани. Кога
се проектира треба да се размислува
за главните и за пратечките простории.
Пратечките треба да бидат во анекс,
понизок дел, за да нема заробени
површини. Ако не проектираме така,
ќе трошиме енергија за греење и
ќе имаме волумени кои никому не
служат. Од постарите објекти би
можел да го издвојам “Хемтекс“ кој
е добар пример на фабрика каде
одлично се решени сите простории,
тргнувајќи од приемно складиште,
финални скалдишта, до производство
и администрација. Успешни
индустриски објекти се и “Агроплод“
во Ресен и “Тетекс“ каде сè е одлично
организирано. Од поновите објекти
со помал капацитет не можам да
издвојам нешто посебно.

 

Вие сте стручњак и за осветлување
на објектите. Колку нашите
архитекти обрнуваат внимание и
на тој аспект во планирањето?

Мислам дека кога е во прашање
осветлувањето, архитектите работат по
интуиција, без да навлегуваат во некои
пресметки. За секој вид објект има
различни нормативи за осветлување,
почнувајќи од 50 лукса за складишта,
па до 250, 300 и 500 за прецизна
работа во лаборатории. Јас имам
направено и помошна литература
со номограми која можат да ја
користат проектантите, но во принцип
многу малку внимание се обрнува на
проблемот на осветлување, иако тоа
е многу битно. Во објектите треба даима и внесување на сончеви зраци.
Постојат нормативи за тоа во кој
објект колку часови сончева енергија
треба да има заради заштита од
бактерии, бацили. На пример, во
училиштата треба да има барем два
часа сончева светлина, во становите
спалните соби треба да бидат
ориентирани кон исток или југоисток.
Во некои објекти сончевите зраци се
непожелни, бидејќи прават блесок.
Според намената на објектот треба
да знаеме дали ќе дозволиме внес
на сончеви зраци или ќе правиме
дифузна сончева светлина. И регу-
лирањето на сончевата светлина е
многу битно. Зимно време треба да
дозволиме да влезе, а летно време да
ја одбиеме. За жал, на сè ова кај нас
не се обрнува многу внимание.

 

Архитектите секогаш работат по
нарачка. Но, колку инвеститорите
имаат влијание на конечниот
проект?

Некој кој има доверба во проектантот
остава тој да ги решава сите проблеми,
секако со претходно дефинирана
проектна задача и почитување на
законската регулатива. Јас досега сум
немал некои поголеми проблеми со
инвеститорите, во смисла да менуваат
дел од функцијата на објектот, зашто
претходно ги дефинираме главните
работи. Инвеститорот не може
да биде запознаен со техничките
нормативи и регулативи, па неговите
барања треба да се однесуваат
само на тоа што сака да добие од
објектот. Останатото треба да го
довери на проектантот. Инвеститорот
треба да го почитува мислењето на
проектантот, а важно е и тоа во текот
на градбата проектантот секогаш да
биде присутен во надзорот. Јас бев
цело време ангажиран додека се
градеше “Југоекспорт стил“ и имав
одлична соработка со инвеститорот.

 

Во центарот на Скопје никнаа
многу објекти, а ДУП за мал
ринг сè уште се прекројува. Како
архитект, што мислите за изгледот
на главниот град?

Секоја година за малиот и големиот
ринг се прават измени и тоа по
нарачка, што е спортивно на сите
норми во урбанистичкото планирање.
Се внесуваат објекти и секој се гради
според катастарската парцела, без
да се води сметка за еден поширок
потег. На Партизанска исто така
се градат објекти со иста или со
различна височина, но со меѓукатни
конструкции што отстапуваат, еден
на друг се лепат различни системи,
зградите имаат различен колорит.
Порано се водеше сметка за овие
работи. Фасада во боја се правеше
на целиот потег, зашто Општината го
бараше тоа. Сега никој не го условува
инвеститорот да го прилагоди објектот
на соседниот. Затоа на еден потег
имаме такво шаренило и во концепт
и во височина и во габарити. За
поголема површина се дозволува
поголема височина, а во соседството
за помала парцела се предвидува
помала височина. Треба да се оди
со регулирање на венецот кој секаде
треба да биде ист независно од
површината. Треба да се усогласат и
фасадите и споевите на објектите. Ние
имаме добра законска регулатива.
Проблемот е во нејзината примена.
Тие што даваат услови за градење,
треба да ги условат инвеститорите да
го усогласат објектот со соседството.

 

Слично со Вас размислуваат
добар дел од Вашите колеги, но
факт е дека фелата не е доволно
гласна, па сè тече по старо. Зошто
е тоа така?

Асоцијацијата на архитекти, да не
речам, е во опозиција, но никој не
ја почитува, ја третираат како група
граѓани која нема значење и не може
да влијае на планирањето. До сега
секоја година имавме некои дебати на
годишните средби во “Молика“ или на
некои собири за различни проблеми,
меѓутоа, тие остануваа меѓу нас.
Никаква одлука донесена од ААМ не е
прифатена од органите на општините
или на Градот. Пример е плоштадот,
каде еднаш се предвидуваат, па несе предвидуваат црква и џамија. Јас
не сум против верските објекти, но ми
пречи злоупотребата на просторот.
Треба да се размисли дали на тоа
место одговара објект со таков
габарит, со толку голема димензија.
Архитектите едноставно треба
да се наметнат со активностите.
Излегувањето на студентите беше
инцидентно, потребно е архитектите
масовно да се наметнат. Треба да
се зголеми влијанието со дебати, со
одлуки, струката да се наметне во
планирањето и нудење решенија.
Посебно треба да се ангажира
Академијата на архитекти во која
членуваат добитниците на наградата
“Андреја Дамјанов“

 

Понудата на архитектонски
трудови на конкурсите за
награди, всушност ја прикажува
архитектонската продукција
во одреден период. Како ја
оценувате таа продукција?

Продукцијата зависи од економската
основа на државата. Ако има пари
за инвестиции во градење, тогаш ќе
има и продукција во архитектурата.
Видовте дека во конкуренција за
Годишната награда беа само девет
проекти. Се очекува од оваа година да
се подобри економската ситуација.
Ќе видиме какви објекти ќе се појават
на Биеналето на архитектура. Знаеме
што сè се гради во Скопје, тоа се
главно станбени згради, деловни
објекти, и тоа најмногу кај соборната
црква, на Партизанска, во Дебар
Маало. Значи главно се оди на
станбени објекти. За жал, сè помалку
се градат индустриски и стопански,
кои треба да го влечат стопанството
напред.

 

Младите се заинтересирани за
архитектонската професија,
иако таа кај нас не е многу
профитабилна. Што е тоа што ги
привлекува?

За архитектурата секогаш имало
голем интерес и факултетот никогаш
не бил во ситуација да не го пополни
бројот на предвидени студенти.
Мислам дека она што ги привлекува
младите е уметничката, креативната
страна на професијата, како и тоа
што дипломиран архитект може да
работи на повеќе полиња, било како
проектант, изведувач, или пак како
дизајнер, дури и на облека, на мебел.
Финаниската страна не е голем
мотив. Цената на проектирањето не
може да достигне ниту еден процент
од вредноста на објектот. На Запад
на пример, цената достигнува до 9
проценти, што значи дека со еден
добар проект архитектот може
одлично да живее и истовремено да
се посвети на стручно усовршување,
да набавува литература и слично.
Порано во големите градежни фирми
како “Пелагонија“, “Бетон“ имаше
поголеми проектантски бироа со по
200-300 архитекти. Денеска имаме
мали фирми што вработуваат двајца,
тројца, до седум-осум архитекти,
па конкуренцијата е голема и тоа ја
соборува цената. Исто така, во тие
мали бироа архитектите се принудени
да работат сè, а бидејќи цената е под
ниво се занемарува тимската работа.
Токму таа според мене е многу важна,
зашто струката мора да се гледа
интердисциплинарно. Проектант
не може да работи сам. Тимската
работа дава поголем квалитет.
Единствен објект што сум го работел
сам е “Југоекспорт стил“. Во вакви
услови кај нас не е девалвирана само
цената на трудот, туку и струката.

 

Светлана ВУКЧЕВИЌ

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top