Помеѓу двете теченија на реките во Лион, се наоѓа француското седиштето за менаџмент на компанијата GL. По проект на Odile Decq, закачени на огромни двојни накрстни греди на четвртиот кат, двата основни волумени на зградата се свртени под 86 степени, со голем внатрешен атриум и служат како сцена која го претставува движењето низ зградата.
Видено од надвор, четирите фасади на зградата се облечени со црно-бели фотографии земени од Феличе Варини, со намера да ја претстават околната структура која си поигрува со нетранспарентноста и транспарентноста.
Како одговор на желбата на клиентот за транспарентни и отворени внатрешни простори, стаклените ѕидови се искористени за да се создадат затворени поделби кон отворените канцелариски простори.
Во ентериерот е искористена црвената боја која е карактеристична боја на логото на компанијата, додавајќи еден динамичен и енергичен ритам на работното место.