Насловна / Вести / Администрацијата на Трамп ја одобри изградбата на спорниот нафтовод Keystone XL

Администрацијата на Трамп ја одобри изградбата на спорниот нафтовод Keystone XL

Keyston naftovod protesti

Американската администрација и издаде претседателска дозвола на компанијата TransCanada за изградба на нафтоводот Keystone XL.  Стејт департментот соопшти дека изградбата на овој нафтовод ќе служи на американските национални интереси, што е целосна спротивност од заклучокот на истата институција во времето на администрацијата на Барак Обама. Во соопштението се додава дека за донесувањето на оваа одлука влијаеле и надворешната политика и енергетската сигурност. Инаку, изградбата на овој нафтовод е предмет на спор веќе подогго време. Се работи за веќе постоечки нафтовод кој се протега до Оклахома.

Proposed Keystone XL Extension map

Компанијата TransCanada сака да го догради во два правци. Јужниот дел кој води до рафинериите во Тексас не е спорен, но копјата се кршеа околу вториот крак наречен Keystone XL.  Во голем дел овој крак треба да минува преку Небраска, чии жители се загрижени за негативните влијанија на нафтоводот врз животната средина. Особено е алармантен податокот дека нафтоводот треба да помине низ огромен подземен резервоар на свежа вода со која се наводнува 30% од вкупното обработливо земјиште на САД.

US-POLITICS-OIL-CANADA

Оние кои ја поддржуваат изградбата тврдат дека со оваа инвестиција ќе се отворат работни места, ќе се намалат цените на горивата и ќе се намали американската зависност од нафта од политички нестабилните земји. Според проектот, нафтоводот треба да биде долг 1900 километри и ќе ги поврзува нафтените извори во Канада со рафинериите на брегот на Мексиканскиот залив.

Републиканците, неколку инвеститори и синдикати сакаат изградба на нафтоводот по секоја цена. Од друга страна пак, демократите и голем број еколошки свесно население се категорично против.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top