Иако се верува дека асфалтот е штетен за животната средина, овој материјал е всушност еколошки. Зошто? Бидејќи овој материјал не се распаѓа, може да се рециклира, односно да се повторно да се користи, со што се намалува потребата за користење необновливи ресурси.
Она што е проблематично кај асфалтот е тоа што се прави на база на нафтени деривати. Битуменот најчесто се добива со оксидација на вакумските остатоци од нафтата во рафинериите, а за производство се користи т.н. „тешка нафта“, така што јаглеродниот отпечаток е прилично висок.
Меѓутоа, неодамна е претставен специјален адитив за битумен кој ја подобрува издржливоста на патиштата и го намалува јаглеродниот отпечаток за време на изградбата.
Поради се поинтензивниот транспорт на тешка стока и се поекстремните временски услови, патиштата треба да се обновуваат по 10 до 12 години. Меѓутоа, BASF разви B2Last, иновативен адитив за битумен кој ја подобрува издржливоста на патиштата и го намалува јаглеродниот отпечаток во тек на изградбата на автопатиштата.
„Адитивот, кој е реактивен систем базиран на изоцијанат, ги поврзува поединечните компоненти на битуменот и на тој начин создава полимерна мрежа. Ова ги подобрува еластичните својства на битуменот, правејќи го патот поиздржлив и потпорен на пукнатини, и при високи и ниски температури“, се наведува во соопштението.
BASF можеше да го потврди ова во тестовите спроведени со академски партнери.
„Користењето на новиот адитив ги намалува емисиите на битумен при изградба на патишта за 65 отсто, бидејќи работата може да се изведува на пониски температури.“, велат во компанијата.
Повеќе рециклиран асфалт
Покрај тоа, адитивот на BASF придонесува за намалување на емисиите на CO2, бидејќи со употребата на овој додаток патиштата се поправаат поретко и со помала потрошувачка на енергија во тек на производството и самите работи.
„Исто така, употребата на B2Last адитив овозможува поголеми количини обновлив асфалт (рециклиран асфалт) кои можад да се додадат во асфалтната смеса. Ова ја намалува севкупната употреба на енергија, ресурси и емисиите на CO2 кои би биле поврзани со производството на нова асфалтна смеса“, се заклучува во соопштението.
Ефикасност на електролиза на вода
BASF постојано развива нови и уште поодржливи производи и технологии. Само минатата година имале повеќе од 1.000 пријави за патенти.
Заработката од продажба на производи кои произлегуваат од активностите на сегментот за истражување и развој, а кои се лансирани на пазарот во изминатите пет години, се зголемила на околу 12 милијарди евра во 2022 година.
Тековен истражувачки проект во полн замав е развојот на материјали кои значително ќе ја подобрат ефикасноста на електролизата на водата. Електролизата на водата се користи за производство на хидроген без примеси CO2, кој е од витално значење за трансформацијата на хемиската индустрија.