Насловна / Вести / Наместо прослава за 55. роденден, АДИНГ засадува 7500 садници во околината на Скопје (ВИДЕО)

Наместо прослава за 55. роденден, АДИНГ засадува 7500 садници во околината на Скопје (ВИДЕО)

По повод 55 јубилејни години, одлучивме да вложиме во нешто корисно за сите нас,  наместо да организираме гламурозен настан. Ние сме производители од Македонија и внимаваме што ќе оставиме на идните генерации.

Идејата за акцијата дојде како одговор на големите шумски пожари и проблемите со загадувањето и затоа овојпат ќе засадиме 7500 дрвца од видот Јасен, на површина од 3 хектари, во околината на Скопје.

Ова го правиме плански и во соработка со ЈП „Македонски Шуми“ и само во првите 20 години овие дрвја ќе апсорбираат околу 1500 тони CO₂ од атмосферата.

Инвестиравме и во сопствена фотонапонска централа, инсталирана на нашите фабрички кровови и со ова успеваме целото работење да го покриеме од сопственото производство на обновлива енергија.

Акцијата е поттикната од нашите вредности – Профитабилност, но и одржливост. Ние инвестициите ги гледаме и како обврска кон татковината и придонес за подобра иднина. Како домашна компанија, имаме одговорност да вложуваме во Македонија и да ја направиме попријатно место за живот за сегашните и идните генерации. Тоа за нас претставува чесен и патриотски однос кон сопствената земја.

 

Испрати коментар

Scroll To Top