Насловна / Вести / Aдинг – Решенија за водонепропусност на конструкции, систем „БЕЛА КАДА”

Aдинг – Решенија за водонепропусност на конструкции, систем „БЕЛА КАДА”

Во овие неколку реда,  ви претставуваме едно често користено решение за изведба на водонепропусност на вкопаните делови кај станбените објекти. Системот „Бела Када“ е препорачан од експертите на Адинг и применет во многу случаи и секогаш се докажал како ефикасен и долгорочен штит против продорите на вода во подземните делови од овие конструкции.

Изградбата на објекти во развиени и густо населени градски средини често условува тесен ископ на подземната темелна конструкција од објектот, каде што не е изводливо поставување на класична хидроизолација. Во исто време, барањата за квалитетот на просторот во подземните простории на објектите се исклучително високи.

1

Во вакви случаи, ние препорачуваме примена на системот „Бела Када”, решение кое обезбедува водонепропустливост на конструкцијата со помош на вградување на водоотпорен бетон и соодветна обработка на прекините, дилатациите и продорите во бетонот.

Системот се базира на два услови:

1. Добар квалитет, правилно вградување и нега на бетонот.

2. Соодветна обработка на дилатациите и прекините при бетонирање.

Притоа, системот „Бела Када” дава најдобар ефект кога е предвидено фундирање на објектот со темелна плоча и подрумски АБ ѕидови. За да се обезбеди водоотпорност на конструкцијата, потребно е бетонот да биде хомоген, без пукнатини и сегрегации и да има затворена структура која спречува апсорпција на вода.

2

ПРЕДУСЛОВИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ВГРАДУВАЊЕ НА ВИСОКОКВАЛИТЕТЕН БЕТОН ОТПОРЕН НА ПРОДОР НА ВОДА:

1. Избор на материјали за изработка на бетон. Правилен избор на агрегати, проектирање на гранулометрискиот состав, вид и количина на цемент, W/C фактор и избор на адитиви за бетон. Се препорачува бетонот да одговара на класата C30/37 XC2 V2, во согласност со EN 208.

2. Избор на технологија за производство и вградување на бетон. Дефинирање  на динамиката за производство на бетонот што подразбира: утврдување на потребна количина на бетон, расположлива опрема( миксери и пумпи) и прилагодување према условите на градилиштето како би се избегнал застој при производството, вградувањето и транспортот на бетонот, посебно кај бетонирање на масивни плочи. Кај масивни бетонски пресеци ( пр. Темелни плочи) –  слоевите во кои се поставува свежиот бетон потребно е меѓусебно да се ревибрираат додека бетонот е обработлив – односно секој нареден слој бетон да се постави врз бетон кој е сè уште свеж и кој овозможува правилно ревибрирање и хомогенизирање на двата слоја.

3. Нега на свеж бетон. По завршувањето на бетонирањето потребно е вградениот бетон да се негува –  да се чува во влажна средина во текот на неколку дена. Вообичаено, бетонот се прска со вода и се покрива со материјал кој би ја одржувал влагата (најлон, геотекстил, јута). Кај големи, отворени бетонски површини изложени на сонце и ветер, се применува прскање со средства кои не дозволуваат испарување на водата (curing agent) – ЗАШТИТА – Б / Б3.

3

АДИТИВИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВОДОНЕПРОПУСЕН БЕТОН

За производство на бетон со високи перформанси и високо ниво на водонепропусност, препорачуваме истовремена употреба на неколку видови адитиви од производната програма на АДИНГ:

Суперпластификатори: СУПЕРФЛУИД 21М1М / 21M1M EКO

Адитиви за водонепропуност: ХИДРОФОБ 21 / ХИДРОФОБ T / ХИДРОФОБ КРИСТАЛ

СУПЕРФЛУИД 21М1М – Суперпластикатор кој овозможува висока редукција на вода во бетонот (над 15%). Со нивната примена истовремено се постигнува зголемување на конзистенцијата на свежиот бетон, се намалува W/C фактор и зголемена јакост на бетонот.

ХИДРОФОБ T – Ја зголемува отпорноста на бетонот на продор на вода под притисок. Се користи кај масивните бетонски пресеци (како што се темелни плочи).

ХИДРОФОБ 21 – Хидрофоб на база на силан-силоксан кој влијае на површинскиот притисок на бетонски елементи. Улогата на овој производ е да спречи капиларна апсорпција на вода во бетонски пресеци и да формира водорепелентна бетонска површина. Најдобар ефект се добива кај тенки бетонски пресеци (како на пр. подземни АБ ѕидови, кровни плочи и сл.).

ХИДРОФОБ КРИСТАЛ – Претставува нова генерација на адитиви за водонепропусност. Овој адитив овозможува формирање на микро кристали кои ги затвораат пукнатините и порите во бетонот со ширина до 500 микрони (0,5 mm). Како и ХИДРОФОБ 21 спречува капиларна апсорпција и ја прави површината на бетонот водорепелентна. Се користи кај тенки бетонски пресеци (подземни АБ ѕидови).

*Линк кон прирачник за бетони (повеќе за бетоните).

4

ДЕТАЛИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВОДОНЕПРОПУСНОСТ НА ПРЕКИНИТЕ ПРИ БЕТОНИРАЊЕ

Покрај бетонот кој го спречува продорот на вода, за да се обезбеди водонепропустливост на конструкцијата во целина, потребно е да се обработат прекините и дилатациите на конструкцијата. За таа цел потребно е да се применат различни системи и производи за спречување на продор на водата. Експандирачките траки и ПВЦ мембраните се користат според приложените детали, на места каде треба да се продолжи со бетонирањето и да се обезбеди водонепропусност на пресекот:

– Споеви помеѓу хоризонтала (темелна плоча) и вертикала (темелни AБ ѕидови);

– Прекини во бетонирањето на темелната плоча и ѕидовите;

– Продори на цевки во објектот

5

СИСТЕМИ И МАТЕРИЈАЛИ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ ВОДОНЕПРОПУСНОСТ:

– Експандирачка трака (се поставува на средината на пресекот);

– PVC Waterstop трака (обработка на дилатациони и конструктивни споеви);

– EPDM Еластична мембрана се поставува на надворешната страна на конструкцијата, по должината на прекинот на бетонирањето, централно во однос на прекинот (спојот).

6

ДЕТАЛИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВОДОНЕПРОПУСНОСТ НА ПРЕКИНИ ПРИ БЕТОНИРАЊЕ

7

0

*Принт верзијата од брошура!

Комерцијален текст

 

Испрати коментар

Scroll To Top