Насловна / Градежништво / „АДИНГ“ го одбележа својот 45-годишен јубилеј

„АДИНГ“ го одбележа својот 45-годишен јубилеј

„АДИНГ“ една од најпознатите македонски компании во својата област кај нас и особено на странскиот пазар, на 30 мај 2014 година, во кругот на својата фабрика го одбележа својот 45-годишен јубилеј. Така, во присуство на голем број деловни партнери, јавни и приватни институции, вработени и пријатели, беше одржана свечена манифестација на која како и на секој јубилеен настан беа доделени награди и признанија.

Покрај наградите за вработените, компанијата „АДИНГ“ на чело со генералниот директор Благоја Дончев, им додели значајни награди и на своите долгогодишни соработници, компании, институци, поединци кои имаат силен придонес во развојот на компанијата. Токму затоа, на денот на јубилејот на „АДИНГ“ најзначајните соработници ја добија највисоката АДИНГОВА награда –  признание „МОЛЕКУЛА“, симболот  на компанијата, во уникатна рачна изработка. Кога ќе се погледне списокот на добитниците на признанието „МОЛЕКУЛА“, може да се каже дека всушност наградата им беше врачена на самите водечки фирми од градежниот сектор во нашата држава.

Така, признанието „МОЛЕКУЛА“ им се додели на „Гранит“, Скопје, односно на генералниот директор Страшо Милковски; „Бетон“, Скопје, на генералниот директор Дејан Нешковиќ; Цементарница „УСЈЕ“, Скопје, на гененаралниот директор Борис Хрисафов; „АДГ Илинден“, на гененаралниот директор Андреја Ошавков; „Прототип“, Скопје, на генералниот директор Мирослав Трајковски; потоа на компании од странство како што се „Путеви Ужице“ од Србија, на Слободан Ковачевиќ,  комерцијален директор, „Мостоградња Белград“,  на комерцијалниот директор Драгомир Думиќ.

Исто така „МОЛЕКУЛА“ им беше врачена и на институтите Градежен институт Македонија – ГИМ, на генералниот директор Михо Јаневски; Заводот за испитување на материјали и нови технологии – ЗИМ Скопје, на генералниот директор Борче Таневски. Тука се и дистрибутерите на „АДИНГ“ од Македонија и странство, како што се

„Универзал Комерц“, Скопје, на генералниот директор Миљаим Сулејмани; „Мел Проект“, Битола, на сопственикот Евгениј Милошевски; „Изолими“, Приштина, на генералниот директор Халит Рама.

На свечената манифестација, признанието „МОЛЕКУЛА“ беше доделено и на долгогодишните соработници – компании, банки и институции на „АДИНГ“ како „Грозд“, Струмица, на генералниот директор Васе Митев; „Комерцијална Банка“, Скопје, на генералниот директор Хари Костов и на општината Ѓорче Петров, односно на градоначалникот Сокол Митревски.

Во продолжение на текстот можете да ги погледнете фотографиите од самото одбележување на јубилејот:

1(38)2(1) 3(1) 4(1)5(1)granitbetonusje gimprototip putevimostogradnja oshavkovzim miljaimevgenijizolimi(1)grozdhari sokolnagradeni-grupna(1)muabet1muabettumbao tancerivrabotenivraboteni1(1) pretposledna posledna

Испрати коментар

Scroll To Top