Насловна / Вести / „Адидас“ го дуплираше производството на патики од рециклирана пласика

„Адидас“ го дуплираше производството на патики од рециклирана пласика

Светскиот гигант во производството на спортска опрема „Адидас“ оваа година ќе го зголеми својот придонес во глобалната борба против загадувањето на океаните со пластика за еднократна употреба. „Адидас“ планира во 2019 година да произведе дури 11 милиони чифта патики со користење на рециклиран пластичен отпад, што е повеќе од двојно во споредба со 2018 година, кога се произведени пет милиони чифта такви обувки. Во 2017, „Адидас“ направил милион чифта патики од рециклирана пластика. „Адидас“ произведува патики чиј горен дел е направен од рециклирана пластика во склоп на соработката со организацијата за заштита на животната средина Parley for the Oceans. „Оваа соработка подразбира пресретнување на пластичниот отпад на плажите, на пример на Малдивите, пред да дојде до океанот“, објаснрто е во соопштението на компанијата. Освен обувките, „Адидас“ исто така произведува и спортска облека  од рециклирани материјали, како што се дресови за Лигата на шампиони на фудбалскиот куб Баерн од Минхен, и опрема за Отвореното првенство на Австралија за германскиот тенисер Александар Зверев.

adidas2

adidas3

 

Испрати коментар

Scroll To Top