Коби Брајант беше несомнено еден од најдобрите кошаркари кои некогаш зачекориле на НБА паркетот.
Неговата ненадејна, прерана смрт пред две години можеби остави голема празнина во кошарката и спортот воопшто, но легендата за црната мамба ја направи уште поголема. Додека многу од неговите лични предмети беа дел од аукциите, фановите повремено имаат можност да поседуваат мал дел од неговата историја во НБА. Таквата можност се пружа сега.
PWCC Marketplace нуди пар патики што Брајант ги носеше на својот прв All-Star настап во 1998 година, што го прави најмлад играч што некогаш играл на овој настан – рекорд што сè уште го држи.
Црно-белите Адидас патики Crazy 8 имаат виолетови и златни акценти како знак на внимание кон неговиот тим, Лос Анџелес Лејкерс. Виолетова се наоѓа на јазикот на патиката, како и на петицата. Логото на Адидас и трите ленти на петицата се завршени со златни конци.
На натпревар на 8. февруари 1998 година, Брајант се „соочи“ со Мајкл Џордан. Џордан беше во својата последна сезона, па All-Star натпреварот беше натпревар помеѓу старата и новата генерација на НБА. На крајот, Џордан беше прогласен за МВП со 23 поени и осум асистенции и го предводеше својот тим до победа од 135-114, додека Брајант го предводеше својот со 18 поени.
Брајант се појави на 18 All-star натпревари во текот на својата кариера и беше крунисан за МВП рекордни четири пати.
„Само се забавувам, добро се забавувам“, рекол во интервју на полувремето за време на неговото прво појавување. „Мајкл е извонреден играч, еден од најдобрите играчи на сите времиња. Има ли подобар начин да се научи играта од тоа да се има ваков противник?“
Автентичноста на патиките на аукцијата е веќе потврдена од сигурни страни. Аукцијата заврши на 20 октомври, со моментална понуда од 25.000 долари, а оние кои сакаат да наддаваат може да го сторат тоа на веб-страницата на PWCC.