Насловна / Дневни Вести / Времено се стопира изградбата во „Малиот ринг“!?

Времено се стопира изградбата во „Малиот ринг“!?

skopje-2014-4.jpgСкопје – Уставниот суд на денешната седница како незаконска ја укина Одлуката на Советот на Општина Центар донесена на 21 јануари годинава со која беше изменет и дополнет Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје на Градот Скопје познат како „Мал ринг“. Со тоа сите активности за изградба на неколку катни гаражи, сообраќајни приоди кон нив, триумфалната порта, скулптури на мостот „Око“, треба да се стопираат додека не се донесе нова одлука за измени на ДУП-от.

Укинувањето е затоа што Судот утврдил оти кога е донесена Одлуката не постоела законска можност измените и дополнувањата на ДУП-от да бидат донесени по скратена постапка, односно таа морало да се донесе, што значи по Планот да имало фаза на нацрт, расправа и презентација, а потоа предлог-план. Со оглед на тоа што тоа не било случај, Судот утврдил оти таа е донесена во незаконита постапка и поради тоа ја укинал. Судот не расправал за содржината на ДУП-от бидејќи тоа не е делокруг на неговата работа.

 

По објавувањето на Одлуката на Уставниот суд во „Службен весник“ Деталниот урбанистички план и она што го опфаќа со оваа Одлука ќе нема правен основ, поради што почитувањето на Одлуката на Судот ќе мора да се спроведе или со елиминација на објектите кои немаат правен основ, ако се започнати, со стопирање на сите активности или со повторно донесување на измените и дополнувањата во законска постапка.

Испрати коментар

Scroll To Top