Насловна / Екологија / Државата конечно се загрижи за опасностите од батериите

Државата конечно се загрижи за опасностите од батериите

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/ekologija/131_statija2.jpgКако да се справиме со отпадот од батерии и акумулатори, беше тема на трибината што ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање, а на која учествуваа претставници од компании и од невладини организации. 

– Со овој закон отпадните батерии и акумулатори ќе станат вреден ресурс кој понатаму ќе може да се користи за обезбедување други неопходни ресурси.

Воедно, со него и со правилното постапување со овој отпад, ќе се намали
негативното влијание врз животната средина, пред сè врз биодиверзитетот
и почвата, а со тоа и врз здравјето на луѓето – рече министерот Неџати
Јакупи на трибината. Батериите и акумулаторите се многу штетни
за околината и за човековото здравје, особено
откога ќе се потрошат, поради киселините и
тешките отровни метали што ги содржат, како
кадмиум, жива и други. Затоа тие не треба да
се фрлаат заедно со другиот, комунален отпад,
туку со нив да се постапува според строго
утврдена процедура. Теренските истражувања
што ги направиле членовите на организацијата
"4х4х4 Балкански мостови", покажаа дека во
Македонија домаќинствата просечно трошат од
0,3 до 0,7 килограми батерии годишно, малите и
средните фирми од 0,6 до 0,9, а медиумите до 0,5
килограми.

 

Поради сево ова се подготвува новиот закон, кој
нема да понуди инстант решение за проблемот,
туку ќе постави повеќе временски рокови за да
овозможи негово полесно решавање. Така, до
крајот на 2012 година треба да се рециклираат 10
отсто од батериите и акумулаторите што се
употребуваат, до 2016 тој процент треба да
изнесува 25, а до 2020 да се достигне бројката од
45 отсто, со што значително би се намалиле
опасностите од отпадните материи.

 

baterii.jpgЗаконското решение предвидува истрошените
батерии и акумулатори да ги собираат тие што ги
продаваат. Тоа значи дека во сите трафики,
продавници и супермаркети треба да има
посебни кутии за оставање истрошени батерии,
компаниите за мобилни телефони, компјутери и
слично треба да најдат начин како од корисниците
да ги земаат батериите што им ги продаваат со апаратите,
а трговците со акумулатори да обезбедат соодветна
опрема за нивното собирање. Накратко, проблемот со
отпадните батерии треба да го решаваат тие што им ги
доставуваат на крајните корисници, без разлика
дали тоа ќе го прават самите или ќе најдат
друга фирма, соодветно опремена, која
ќе ја врши оваа дејност за нив.

 

Иако се предвидува сите овие
одредби да стапат во сила од 1 јануари
2011 година, сепак, според најавите од
министерството, ќе се утврдат и
дополнителни рокови за сите што се
вклучени во бизнисот со батерии и
акумулатори, за да се приспособат кон
новите услови. Нивното непочитување ќе се
казнува со суми од 1.000 до 35.000 евра.

 

Некои наши компании и досега мошне успешно
се справувале со овој проблем, а на други тоа не им
одело од рака. Сепак, причините за тоа не се само во
ангажирањето на фирми, туку и во видот на отпад кој
треба да се третира. Така, "Ти-мобајл" имале огромни
количества неупотребливи батерии кои ги чувале во
контејнери и не знаеле што да им прават, а "Весна-САП",
производителот на акумулатори, со години наназад
рециклира стари.

 

– Набавивме 500 специјални садови од Германија за
уште повеќе да ги подобриме условите за рециклирање.
Законот е добар, треба само да се
допрецизираат некои позиции. Собирањето
треба да биде во лиценцирани камиони и
садови, за што треба да се поседуваат и
сертификати – истакна Сашо Наневски
од "Весна-САП".
Организацијата "4х4х4 Балкански
мостови" веќе подолг период
спроведува кампања за соодветен
третман на батериите и на
акумулаторите.

 

– Ние сме општество кое произведува
значителни количества отпад од батерии и
затоа ни е неопходен еден ваков закон. Потребно е
што поскоро тие да се собираат и да се рециклираат, за
да не се случи цела Македонија да се соочи со проблеми
слични на тие што ги создаде топилницата во Велес –
нагласи Душко Христов, претседателот на оваа
организација.

Испрати коментар

Scroll To Top