Повеќекратното зголемување
на популацијата во светот во
последните стотина години
предизвика екстремно
растење на современите
градови. Пренаселеноста
претставува најголем основен
проблем на денешните
градови придизвикувајќи низа
верижни проблеми најчесто
поврзани со деградација
на животната средина.
Во 60-тите години на минатиот
век се појавија радикални,
револуционерни утопистички
движења во архитектурата и
урбанизмот за градот на иднината.
Овие утопистички идеи беа последица
на сооченоста со екстремниот
рапиден раст на градовите и нивните
деконструктивни последици врз
планетата Земја.Стравот од овие
радикални идеи беше причина тие
речиси целосно да се игнорираат,
така што градовите продолжија да се
развиваат според истоветните обрасци
на традиционалниот урбанизам.
Така градовите и понатаму растеа
претворајќи се во дефрагментирани
мегаградови каде урбанизмот вршеше
и се уште врши интервенции само
од хируршки карактер, претворајќи
ги градовите во вечни пациенти.
За разлика од тоа, претходно
споменатите радикални идеи за
градовите на иднината понудија
еден целовит концептуален пристап
гледајќи ги како една органска
целина. Тогаш се понудија различни
концепти, различни гледишта за тоа
како да се развиваат современите
градови во иднина, притоа решавајќи
ги актуелните клучни проблеми
поврзани со пренаселеноста,
деградацијата на животната средина,
идентитетот на градската форма,
новонастанатите општествено-
социјални и културни услови.
Денес ги имаме мегаградовите,
човекот како врв на целото создавање
е нивен творец, а човештвото
создаде структури кои имаат крајно
деконструктивен карактер како
по однос на животната средина,
така и по однос на самиот човек.
Идејата за град на иднината се
отвора во 1956 година кога Constant
Nueuwenhusc ја зпочнува глобалната
архитектонска утопија, Нов Вавилон.
Целосно спекулативен Constant го
опишува како еден поинаков град за
еден поинаков живот. Тоа е време
кога Guy Debord и неговата дружина
од револуционери се двжеа низ
улиците на Париз, повикувајќи за
ново психолошко сфаќање на градот,
време кога бескрајната мрежа од зони
на Constant составена од празнини и
објекти, конструкции и деконструкции,
време кога Градот на иднината го
добива своето потполно значење.
Суперпонирањето на еден град
врз друг, просторен град на Yona
Friedman (1958-60), претставува
поинаква критичка појдовна точка
така што современата практика,
како што се ОМА и MVRDV го
споделуваа воодушевувањето
на Friedman за одржување и
зачувување на постоечкиот град, а
воедно овозможувајќи драматично
зголемување на популационата густина. Во поглед на урбаната
состојба на градовите од тоа време,
Friedman им придава значење на
мобилноста наспроти статичноста,
комлексноста наспроти формализмот.
За разлика од Constant , Friedman
го подржува непредвидливиот и
хаотичен раст на урбаната состојба
на градовите во кои жителот ќе
претставува активен играч.
Излегувајќи од кризата на класичната
модерна архитектура, Constant и
Friedman остануваат примери за тоа
како архитектурата може да биде
радикална. Guy Debord е уверен дека
архитектурата не може да постои
без луѓето, движењето и желбата. За
повеќе од 10 години архитектите го
пресоздаоа градот така што тој доби
варијабилен карактер; спиритуален
( Szekely), инстантен (Archigram),
кратерен (Chaneac), пловечки
(Kurokawa и kikutake), компактен
(Pichler), заоблен (Architecture
principle), и континуинален
(Archizoom и Superstudio).
Органските форми и процеси во
природните светови ги инспирираа
архитектите за нови начини на
размислување за градовите и
нивната архитектура. Новите
индустриски материјали овозможија
експерименти од префабрикувани
капсули и ќелии за живеење и работа.
Во овој контекст ергономската
куќа на иднината на Peter и Alison
Smithson (1955-56) го посочи патот
кон новиот начин на размислувње.
Повеќе проекти од 60-тите годинини
ја илустрираат страста на тоа
време за алтернативни начини на
живеење, перформанси и пнеуматски
форми. Archigram посочуваше на
популарната култура и новиот тип
перформативна архитектура.
заменет со хоризонталноста, втор
урбан ред во пионерската работа на
Claude Parent и Paul Virlio, кои ги
антиципираа превиткувачките форми
и експерименти со површината, кои
се актуелни и денес. Во континуитет
на Friedman и Constant архитектите
замислуваа огромни пловечки
структури составени од капсули
и приклучоци, таканаречени
мегаструктури. Јапонските
метаболисти имаа големо влијание
во имплементирањето на метафората
за растеж, остварувајќи ја идејата
преку нивните архитектонски проекти
и визии за градот на иднината.
Во доцните 60-ти години во Италија,
Бескрајниот град на Archizoom и
Континуиналниот монумент на
Суперстудио понудија безмилосна
критика на актуелното општество
и архитектура. Во 1972 година Rem
Koolhaas покажува јасен сомнеж
во радикализмот на претходно
споменатите Италијанци. Како една
од главните фигури на идејата за
градот на иднината овој автор заедно
со своите колеги од ОМА презентира
три проекти направени во период од
триесет години: оригинални цртежи во
кои се слави урбаната конзистенција,
Метропола во делириум (1972), Град
во објект, библиотеката Jussieu (1992),
и објектот на CCTV во Пекинг (2008).
Револуционерните утопии од
периодот помеѓу 1956 -1976
отворија пат во 80-тите години за деконструктивистичките дела на
Тschumi, Eisenman, Libeskind и
Morphosis. Засновaни на теорија и
актуелно преиспитување на самата
архитектура, деконструкцијата
продолжува да се реинтерпретира
и одново воспоставува. После
1990 година во современата
пракса доминира револуцијата
на дигиталната технологија. Во
пракса, ова значи дека архитектите
имаат способност и капацитет да
дизајнираат многу покомплексни
форми и да ги реализираат со
специјализирани комјутерски цртачки
алатки, без да мораат да се повикуваат
на стандардизираните фабрички
компоненти. Завитканите, набраните
рамнини се една од карактеристиките
на оваа нова архитектонска област.
Комјутерски генерираните податоци
можат да бидат користени за
информирање на сложената структура
на објектите и реосмислувањето на
идните градови. Пристанишниот
терминал во Јокохама на Foreign
Office architects (1995-2020)
претставува белег во интелигентната
утилитизација на информации
за креирање на надворешен
јавен простор, окарактеризиран
со превиткани рамнини.
Границите помеѓу концептуалната
уметноста, уметноста базирана
на инсталации и архитектурата
продолжуваат да бидат нејасни.
Мапите за градот на иднината
со експериментален карактер и
картите што имаат архитектонски
фрактуриран однос кон градот, ги
слават иноваторите и визионерите
што се трудеа да ги прошират
границите на нивната пракса и
избраа исклучителни, наместо
вобичаени места. Градот на иднината
сè уште поставува важни прашања
за иднината на архитектурата и
нашите градови. Yona Friedman
предвидуваше дека до крајот на
2000 година архитектурата треба
да исчезне, да стане невидлива. Во
современите ситуации, особено
во места како Кина и Дубаи, со
иконичен принцип во градењето,
архитектурата е презентирана како
спектакал. Додека пак, компјутерски
поддржаниот дизајн може да доведе
до опсесија со формална комлексност,
жртвувајќи го ангажманот со
општеството. На крајот се поставува
прашањето од што всушност се
состои вистински радикалното
Јордан ТАСЕВСК И,дипл.инж.арх.