Насловна / Архитектура / Градителско сведоштво за идните генерации

Градителско сведоштво за идните генерации

muzej-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-thumb.jpgИнспирацијата од своето минато не можете да ја увезете,
да ја донесете и да ја пренесете, бидејќи таа е тука, околу нас
и заедно со нас. Единствено што ви преостанува е само да ја
почувствувате и да ја откриетe. Имаме среќа што се родивме, растевме,
едуциравме и твориме во земја, каде
што не би требало да чекориме тврдо-
главо и насилно, туку со почит и одважност затоа што секоја педа од оваа
земја е историја, или како што би рекол
професорот Борис Чипан „на секој
чекор се сопнуваме од остатоци од историјата“.

 

На оваа историска ветрометина, каде
што се сопнуваме од остатоци од историјата, каде што се случувале земјотреси, пожари, поплави, а богами и
империјалистички злосторници. И таман
кога се мислело дека докрај ќе надвладее лошото и деструктивното, остатоци
на ехото на уништеното почнувале
тивко и скромно да раѓаат една градителска песна, каде што од рака на рака
како рефрените од песната, се подавал
и превртувал уништениот
камен, и од него се создавале поубави,
посовремени и потрајни градби. Ваквата вонвременска рамнотежа можел да
ја постигне само народот со својот колективен и изострен дух и осет за градење, како што е духот на нашиот
народ.

muzej-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-1.jpg 

Историските и градителски плодови
на нашиот народ не само што сведочат
за едно минато време, туку и денденес
предизвикуваат воодушевување и
претставуваат вечна инспирација.
Инспирацијата од своето минато и од
своето историско не може да ја увезете,
да ја донесете и да ја пренесете, бидејќи таа е тука, околу нас и заедно со
нас. Единствено што ви преостанува е
само да ја почувствувате и да ја откриете.

 

Процесот на проектирање на Музејскиот комплекс „Македонска борба“,
во кој се сместени Mузејот на ВМРО и
Mузејот на жртвите од комунистичкиот
режим, не започнува со парче хартија, геометриска фигура и лист со архитектонско урбанистички услови.
Кога ќе застанете на средината на локацијата каде што треба да никне објектот, кога ќе го почувствувате и
доживеете амбиентот, тогаш можете да
започнете да размислувате за проектирање.
Сеедно од каде ќе започне перцепцијата, битно е истата да исцрта рамки и
меѓи, бидејќи понекогаш инспирацијата
може да биде безгранична и безвременска, а тогаш знае да биде непрактична и
нерационална.

muzej-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-2.jpg 

Визурата од североисток е исполнета
со Старата скопска чаршија, доминантните минариња и Даут пашиниот амам.
Покрај чаршискиот живот, камените
блокови од Матка и Свиларе се вградени во праговите и цоклите од дуќаните, идеално профилирани и вградени
во цилиндрични форми на минарињата
и успешно разбиени со по некој ред
печена тула на амамот.
Така со благо поместување према
југоисток, речиси нема да ја забележиме
доминантната маса на елегантна парабола со рационална и строга симетрија,
градена со истиот камен. Камениот мост
вклопен во целокупниот амбиент е како
дар од природата, а не дело на човекот.
Преку ѕидовите на кејот на југ, завршуваме на северозапад со масивните
камени бедеми на сувереното скопско
Кале, на коешто најубавите форми од
кулите, надпрозорници, скалници,
венци, се од истиот материјал обработени во форми слични со околните
објекти.

 

И така, притеснети помеѓу кејските
ѕидови на Вардар, Старата скопска чаршија и Даут пашиниот амам и помеѓу Камениот мост и скопското Кале, се
чувствувате исполнето и благодарно, и
не чувствувате никаква потреба креативната инспирација да ја збогатувате со
источни тонирани стакла врамени во
јако обоени алуминиумски профили.
Како „Неимар инженеринг“, се трудевме да направиме, и мислиме дека успеавме да оформиме, складна
правоаголна маса во сооднос 1:3, разбиена со дилатации на три волумени поставени во сооднос А:Б:А, со блага
доминација на централниот (влезниот)
волумен. Истите форми се елегантно
распослани по течението на реката, паралелни и складни со камените маси од
кејските ѕидови.
Во подеталната разработка на фасадата ги задржавме основните геометриски принципи од Камениот мострационална и строга симетрија со лачна
секундарна композиција. Куполата и камените кружни (цилиндрични) столбови
од влезната партија се препознатливи за
амамот, како и за скоро сите верски и
цивилни јавни објекти во Чаршијата.

muzej-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-3.jpg 

Преку доминантните двовисински
форми на прозорците, лачните завршетоци на истите, слепите ниши како и
првиот и доминацијата на завршниот богато профилиран венец, успеавме објектот да го втопиме како дел од визурата
кон скопското Кале. Основен постулат
не ни беше негација, и конкуренција на
Скопската тврдина. Објектот е замислен
да биде пешачка порта, попатна станица, и место за починка на релацијата
од Плоштадот до Тврдината.
Но сепак, каменот спаѓа во категорија
на ладните градежни материјали, и неопходно беше строго и симетрично поместените отвори на фасадата, врамени
со богати камени профилации, да ги
разбиеме со дабова столарија за
нијанса позатемнета од основниот кремаст тон на фасадата.

 

ФУНКЦИЈА

Влезната партија ја нагласивме со трем,
не толку длабок колку со голем фронт,
каде што главниот пристап го оформивме со блага рампа. Двата камени
кружни тремски столбови ја врамуваат
главната одна линија, и ја истакнуваат
главната влезна врата во централниот
хол.
Централниот кубус е простор за заеднички функции: информации, мониторинг, гардероби, продавница,
интерно бифе, дигитална библиотека,
интернет клуб, сала со 280 седишта и
администрација. Бидејќи тоа е простор
кој со своите функции го опслужува основниот музејски, и не може да биде
конкуренција на истиот, си зедовме слобода малку поинаку да го третираме.
Раскошен влезен портал изработен од
дабово дрво со елегантна кованица нè
води во централен цилиндричен волумен, којшто симетријата на просторот ја
детерминира со подна розетна, оформена од концентрични кругови со стилизирани сончеви зраци, кои се
изработени од пет различни нијанси на
мермер со приближно иста структура.

muzej-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-4.jpg 

Завојните скали со својот конструктивен распон се инженерски предизвик,
но идејата ни беше да ја експонираме
нивната елегантна, завојна форма што
претставува два концентрични кругови,
чие теме е во центарот на подната розетна. Нивната обработка на оградите е
со мермерни профилирани столбчиња и
масивен профилиран мермерен раконаслон, кој како композиција продолжува на првата кружна галерија и се
рефлектира и на втората.
Кулминацијата со естетското обликување на централниот волумен завршува
со витраж идеја разработувана од сите
аспекти скоро 3,5 години, и висечки лустер кој паѓа до првото ниво од галериите, а не е бариера за визурите од
сите точки на кружните галерии.

 

Бидејќи во еден од претходните
броеви на „Порта3“ беше пишувано за
идејното и уметничкото решение на витражот, само би сакал да додадам дека
истиот со мотивите што се користени
како инспирација, со димензиите и како
композициска целина, далеку предничи
од слични такви дела, како што се на
пример во хотелот „Ермитраж“ и хотелот „Де Париз“ во Монте Карло, како и
стоковната куќа „ла Фает“ во Париз.

 


ПРОСТОР ЗА МУЗЕЈСКА
ПОСТАВКА

Од холот лево, покрај информативниот
пулт е акцентирана двокрилната,
релјефнодекорирана влезна врата за
во музејските сали. Во исто време, истата е и ППЗ врата, која ги дели двата
противпожарни сектори, музејските
сали од централниот хол.
Музејските сали концепциски се организирани како влез-излез со континуирана одна линија, и со сопствени вертикални комуникации. Всушност, концептот ни беше континуитетот на музејската
поставка да не го деконцентрираме со
општите и секундарните функции на
објектот. Тоа го постигнавме, и овој пристап на организација на просторот е
најголемиот квалитет за објектот.

muzej-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-5.jpg 

ТЕХНИЧКИ И ЕНЕРГЕТСКИ
СИСТЕМИ

За овој објект вредно да се спомене е
дека системите за гаснење пожар, системите за греење, ладење и вентилирање на просторот претставуваат
најактуелни и најсовремени достигнувања во градежниот сектор.
Системите на дојава за пожар, аудио
и видео опремата, агрегатските и УПС
постројки како и илуминацијата, се професионално проектирани и консултирани се врвните светски производители
на таквите опреми. Како резултат на ваквиот пристап, посебно внимание е дадено и на илуминацијата што може да се
програмира во стотина варијанти од работни, викенд до празнични, а овозможува перцепција на објектот од 24 часа.
Тоа ја потенцира раскошната пластика
на фасадите. Сè е софтверски контролирано, а сценаријата даваат можност
за промена, односно не предизвикува
напријатност од непосакувани светлосни ефекти, и не предизвикува контаминација од неконтролирана светлина
на околните објекти и луѓето. Употребата на LED технологијата овозможува
долг животен век и мала потрошувачка
на енергија. На некои сегменти дури од
10 до 15 пати е поекономично од актуелните класични решенија.

 

РЕЗИМЕ

Толстој рекол: „Не верувајте во зборовите, верувајте во делата“. Оваа реченица ни беше и цел и водилка. Така и
пристапивма, не да раскажуваме какво
дело направивме, туку да оставиме
дело за сите идни генерации како
доказ за напредокот и развојот на нашето постоење. Се разбира вакви комплексни проектантски задачи не ги
сработуваат поединци, со нив можат да
се справат само стручни, ангажирани,
професионални и посветени тимови
како тимот на „Неимар инженеринг“:
Зоран, Ана, лидија, Инес, Калина, Горана, Билјана, Ангелина, Филип, Саше,
Раде, Горан, Гоце, Атанас, Васил, Мери,
Мирослав, Петар, Менче, Жане, Арсена…

 

Зоран Петров, дипл.инж.арх.

 

Испрати коментар

Scroll To Top