Скопје – Градоначалникот Коце Трајановски, по завршувањето на тендерските постапки, потпиша консултантски договори со реномираната шпанска фирма ИДОМ од Билбао, за проектите подземни сообраќајници и забавен парк.
Како што соопшти Град Скопје, со консултантските договори фирмата од Билбао треба да изработи студии за двата проекта и да ги утврди правните постапки за начинот на концесионирање и промоција на проектите.
Договорот за подземните сообраќајници ќе го чини Град Скопје 199.700 евра, а консултантските услуги за Луна-парк 190.000 евра. Проектите ќе се реализираат во три фази. (МИА)