Насловна / Вести / Acciona Energia вложува во две ветерни електрани во Далмација

Acciona Energia вложува во две ветерни електрани во Далмација

Veterni elektrani vo Dalmacija1

Шпанската енергетска компанија Acciona Energia, во Хрватска е над 10 години, а својата прва хрватска ветерна електрана Јелинак во близина на Сплит, вредна 45 милиони евра, ја пушти во погон во 2013 година. Се работи за електрана со инсталирана моќност од  30 MW која се состои од 20 турбини, и тоа е најголемиот ветерен парк во Сплитско-далматинската жупанија, и еден од најголемите во Хрватска.

Veterni elektrani vo Dalmacija

Но плановите на компанијата се поамбициозни и тоа не само во Хрватска. „Во следните две години планираме да ја завршиме изградбата на две нови ветерни централи во Далмација со вкупна вредност од 90 милиони евра. Гледаме голем потенцијал и во земјите од регионот, каде исто така ќе настојуваме да ги пласираме нашите турбини“ вели првиот човек на коммпанијата за Хрватска.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top