Насловна / Вести / ABB ја отвори првата јаглеродно неутрална и енергетски самоодржлива фабрика на светот

ABB ја отвори првата јаглеродно неутрална и енергетски самоодржлива фабрика на светот

Фабриката на компанијата ABB, сместена во Лиденшајд во Германија, е првата на светот која ги оствари идеалите за јаглеродна неутралност и енергетска самоодржливост, кон кои во времето на интензивирање на борбата против климатските промени, тежнеат многу општествено одговорни компании. Ова постигнување е показател дека пресвртот во однос на фосилните горива е можен со помош на дигиталното управување со енергијата и претставува дел од напорите на ABB за нулта емисија (Mission to Zero).

ABB2

 

Фазата на проектирање и изградба на производниот погон во германскиот град, траела две години, и во склоп на истиот се наоѓа соларна централа. Фотоволтаичниот систем со површина од 3.500 квадратни метри е поставен на паркингот на фабриката и се очекува годишно да произведува 1.100MWh чиста електрична енергија. Во комбинација со когенерациската постројка, двојно поефикасна од конвенционалните термоцентрали, ќе се обезбедува 14% повеќе енергија од потребите на фабриката.

ABB1

Погонот дополнително е „озеленет“ со батерии за складиштење на енергија, како и станици за полнење на  електрични возила кои бесплатно им се ставени на располагање на вработените во фабриката.

Компанијата ABB која има традиција од 130 години, работи во повеќе од 100 земји и вработува скоро 150.000 луѓе.

ABB3

 

Испрати коментар

Scroll To Top