Скопје – Во Македонија треба да се дефинираат и валоризираат заштитените подрачја, да се утврдат нивните вредности и да се воспостави мрежа во која тие заштитени подрачја ќе бидат опфатени на територијата на цела држава, истакна денеска директорот на Управата за животна средина, Филип Иванов.
Тој на отварањето на работилницата „Создавање на рамка за воспоставување
на репрезентативен национален систем за заштитени подрачја“ информира
дека како резултат на проектот се изготвени 11 подзаконски акти кои ќе
го подигнат квалитетот на управувањето со заштитените подрачја и
квалитетот за констатирање дали едно подрачје заслужува да биде
заштитено или не.
Семинарот е дел од проектот „Зајакнување на еколошката,
институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени
подрачја во Македонија“ во рамки на кој предвидено е да се воспостави
актуелна дата-база на податоци која ќе биде достапна на веб страницата
на МЖСПП и ќе можат да се најдат сите релевантни детали околу
заштитените подрачја. (МИА)