Насловна / Дневни Вести / Ветерни електрани во Богданци

Ветерни електрани во Богданци

veternici.jpgБогданци – Претставници на компании од Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина,
Шпанија, Грција и Германија, кои учествуваат во тендерската постапка за изградба
на ветерниот парк во Богданци, завчера ги посетија двете мерни станици лоцирани
на местото викано Ранавец каде треба да биде изграден ветерниот парк со 16
турбини.

Предлагач и инвеститор на проектот „Парк на ветерни електрани-Богданци“ е
АД „ЕЛЕМ„ – Електрани на Македонија, во соработка со германската „KfW“ Банка
која учествува во финансирањето на проектната реализација, а консултантските
услуги се доверени на германската компанија „Fichtner“.

Меѓународниот повик за избор на изведувачи опфаќа два тендера, едниот е за
избор на изведувачи за изградба на далеководот Валандово-Богданци, а другиот за
изградба на ветерните турбини.

Од квалификуваните понудувачи во посета на Богданци пристигнаа претставници
од сите компании кои влегле во потесниот круг за избор на најповолен понудувач.

Оние понудувачи кои аплицирале за изградбата на далеководот Валандово-
Богданци направија обиколка и од страната на Валандово.

Пред непосредниот избор на најповолен изведувач на работите за изградба на
ветерниот парк, вчера во Богданци пристигнаа и претставници од Федералното
министерство за економска соработка и развој на Германија претставувано од
Ангела Ецкерт, претставничка за Македонија и Албанија, како и Силке Паулвиц,
главна менаџерка на „KfW“ банката за развој за Македонија, Косово и Албанија.
(МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top