Насловна / Архитектура / Едуардо Сото де Мора

Едуардо Сото де Мора

eduardo_thumb.jpgПознатиот португалски
архитект Едуардо Сото де
Мора (58) е овогодишниот
добитник на Прицкеровата награда,
најпрестижното признание за
животно дело во архитектурата.

Според соопштението на
Фондацијата Хајат што го
доделува ова значајно признание,
Прицкеровата награда вредна
100.000 долари, бронзен медал и
вечна почит од архитектонската
заедница, ја доби архитектот Сото
де Мора заради неговата умешност
да ги спои и надмине навидум
спротивставените карактеристики
како што се моќта и скромноста,
расфрленоста и елеганцијата,
храброста и суптилноста… eduardo_1.jpg

 

Жирито
го пофали архитектот за неговиот
градски стадион изделкан во карпа
во Брага, проектиран за Европското
фудбалско првенство во 2004
година, како и за импозантната
Зграда број два“ во местото Бом
Хесус, во близина на Брага. Сото
де Мора е вториот Португалец
што ја добива оваа награда.
Имено, меѓу добитниците на оваа
награда е и неговиот поранешен
учител, Алваро Сиза, кој ја добил
во 1992 година.

 

„Самиот факт што
наградата по вторпат оди во рацете
на португалски архитект, ја прави
оваа награда уште позначајна“, стои
во изјавата на Сото де Мора што ја
објави фондацијата. Како студент
тој работел пет години за Алваро
Сиза. eduardo_2.jpg

Во 1980 година го основал
своето архитектонско биро, и е
автор на шеесетина проекти. „Во
изминативе три децении, Сото де
Мора создал низа архитектонски
остварувања, актуелни и современи,
кои го надминале сегашното
време, но кои исто така, во себе
носат константни примеси на
архитектонската традиција“, изјави
лорд Питер Палумбо, претседател
на жирито што ја доделува оваа
награда.

 

„Неговите дела имаат
една уникатна способност да
доловат навидум контрадикторни
карактеристики – истовремено
тие се моќни и скромни, храбри и
суптилни, смели како јавна појава,
а истовремено изразуваат силно
чувство на интимност“.

 

eduardo_3.jpg

Првата
реакција на Сото де Мора била:
„Кога го примив телефонскиот
повик дека сум овогодишниот
добитник на Прицкеровата награда,
не можев да верувам. Меѓутоа,
кога добив потврда дека тоа е
вистина, ми беше голема чест“.

 

Наградениот архитект вели дека врз
неговата работа влијание извршиле
елегантните, едноставни дизајни на Мис ван дер Рое, со неговите
аглести градби изработени од
гранит, дрво, мермер, тула, челик,
бетон, понекогаш во неочекувани
бои. Меѓу најпознатите проекти на
Сото де Мора во Португалија се
градскиот стадион во местото Брага,
бетонско здание кое му пркоси на
околниот карпест пејсаж, потоа
кулата Бурго во Порто (заедно
со Алваро Сиза), манастирот што
го пренаменил во пансион во
Амарес, метро станица во Порто,
популарниот привремен Серпентин
павилјон во Лондон

 

Неговиот
најнов проект е историскиот музеј
Паула Рего во местото Кашкаиш
близу Лисабон. Проектот е
дизајниран за изложување слики,
цртежи и графики на британската
уметничка Паула Рего, по потекло
Португалка. Ова здание во црвена
боја има четири крила и две
пирамиди во облик на фабрички
оџак.

 

Покрај галерија, содржи мала
продавница, кафуле и аудиториум
со 200 седишта. Исто така, Сото де
Мора досега има проектирано и
изградено семејни куќи, киносали,
трговски центри, хотели, училишта,
апартмани, канцеларии, уметнички
галерии и музеи, спортски објекти
и подземни премини. eduardo_4.jpgПоголемиот
дел од неговите проекти се
изградени во Португалија,
Шпанија, Италија, Германија,
Велика Британија и Швајцарија.
Инаку, оваа висока почест, која
честопати ја нарекуваат Нобелова
награда за архитектура, требаше
да биде соопштена во текот на овој
месец и доделена во Вашингтон,
меѓутоа информацијата предвреме
протече преку еден медиум,
изјави портпаролот.

 

Наградата
Прицкер, која важи за најважна
архитектонска награда во светот,
првпат е доделена во 1979 година.
Наградата што секоја година му
се доделува на жив архитект, е
основана од семејството Прицкер
од Чикаго, со цел да се наградуваат
архитекти кои се талентирани,
посветени и кои даваат значителен
придонес на човештвото низ
архитектурата. Наградата првпат му
беше доделена на американскиот
архитект Филип Џонсон во 1979
години, и оттогаш се доделува
секоја година на архитектите
ширум светот. Меѓу претходните
добитници на ова престижно
признание се Оскар Нимаер,
Френк Гери, Рем Колхас, Заха
Хадид, Тадао Андо, Ренцо Пјано,
Норман Фостер и Жан Нувел.

 

 

Дејан Буѓевац.

Испрати коментар

Scroll To Top