Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ, Ве поканува на доделување на Голема годишна награда 2017 година, за реализирано дело од областа на архитектурата, која традиционално се организира под покровителство на Претседателот на Република Македонија, спонзорирана од Македонската авторска агенција и поддржана од Министерството за култура на РМ.
Свеченоста ќе се одржи на 27.12.2017 г.(среда) во Музеј на град Скопје со почеток во 19часот.
Воедно ова е и Новогодишна средба на архитектите, членови на ААМ.