Асоцијацијата на архитекти на Македонија ги повикува своите членови да не учествуваат на тендерот распишан од Град Скопје за изработка на архитектонски проект за реконструкција на фасадата на зградата Ибни Пајко.
„Идејниот проект е изработен повторно од Лазар Димов и Никола Стакинов. Нашите сознанија се дека и покрај со години упорното настојување, и покрај ветувањата што ги давале дека овој пат ќе ја реконструираат и задната фасада, Град Скопје нема согласност од станарите за промена на фасадата“. ААМ смета дека единствениот начин да се стави крај на скрнавењето на градот е бојкот од архитектите изразен со неучествување во изработување на нарачаните проекти.