Насловна / Архитектура / ААМ објави отворен повик за Mies van der Rohe Award 2024

ААМ објави отворен повик за Mies van der Rohe Award 2024

Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ како официјален партнер на „The Fundació Mies van der Rohe“ од Барселона, објавува отворен повик за националната селекција на номанции за „European Union Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Award 2024“.

Република Северна Македонија има право на пет номинации кои ќе бидат дел од официјалната селекција. Процесот за избор на номинираните проекти е преку отворен повик каде сите членови на ААМ може да ги пријават своите проекти. Селекцијата ќе биде извршена од страна на жири составено од ААМ, а неговите членовите ќе бидат јавно објавени по завршување на отворениот повик.

Ги очекуваме вашите проекти и ви посакуваме среќа во процесот кој следи!

585bfd32f8fc45349db677890ab566b6.f5fb7444

Правила за учесниците на Mies van der Rohe Award 2024:

  • дела изградени во Република Северна Македонија
  • дела изградени во други европски земји
  • делата треба да се завршени помеѓу 1. мај 2021 година и 30. април 2023 година.

Рок за пријавување: 28 јуни 2023 година

Сите пријави треба да содржат:

  • слики со мала резолуција на цртежи (основи, пресеци)
  • слики со мала резолуција од објектот
  • опис на проектот
  • кратко CV на авторите

Пријавите и сите прашања поврзани со наградата да се испратат на  е-mail: [email protected]

Испрати коментар

Scroll To Top